Во новата година со нов Kia Stonic од Електрометал!

|02.01.2019
  • Добитник на Kia Stonic (Elektro element nagradna igra)

02 Јануари 2019 Почетокот на новата година беше најрадосен за среќниот добитник на автомобил KIA Stonic од големата наградна игра на Електрометал.Дејан Крстевски е среќниот добитник на автомобил KIA Stonic во големата наградна игра на Електрометал.

new KIA StonicДејан ја имаше среќата да биде извлечен меѓу илјадниците кои учествуваа. Условите беа едноставни – со секоја сметка од најмалку 1.000 денари, купувачите добиваа по еден купон за учество, а Дејан имал три купони: „Купивме нов стан и фамилијарно со мојот брат го опремувавме. Се одлучивме за Електрометал бидејќи опремувањето беше навистина едноставно – во маркетите можете да пронајдете буквално сѐ и да заштедите време и пари. Кога планиравме, сакавме да најдеме маркет каде можеме да купиме сѐ наеднаш – од електрика, плочки, санитарии, до лустери, мали кујнски апарати па сѐ до кујнски прибор, декорација и цвеќе“ – вели Дејан кој посочи дека купонот со кој бил извлечен бил за сметката која била издадена за лустерите и електриката.

new KIA stonicИван Калинов, директор за малопродажба во Електрометал, истакна дека токму тоа е целта на Електрометал, да обезбеди сѐ за своите клиенти на едно место: „Среќни сме бидејќи се повеќе луѓе согледуваат дека во маркетите на Електрометал можат да пронајдат сѐ за својот дом и градина на едно место и тоа по најдобри цени. Пазарувањето е едноставно, особено во најголемиот маркет на Електрометал во Карпош 3, каде и понудата на изложени производи е најголема. Му честитаме на господинот Дејан и се надеваме дека ќе остане наш верен клиент и понатаму“. Во годината која измина, Електрометал ја прошири својата мрежа на маркети. Покрај веќе постоечките маркети во Маџари и во Центар, беше отворен најголемиот досега маркет во Карпош 3 (до Skopje City Mall), како и маркети во Чаир и Драчево (Скопје), Велес, Прилеп и Штип.

Извор: www.crnobelo.com