Kia ќе обезбеди модели за потребите на Australian Open

|22.04.2019
  • САД е пазарот каде Kia ужива голема доверба, па токму затоа корејскиот производител се одлучува на лимитирана изведба од својот можеби најзабавен модел од гамата – Stinger.

22 Април 2019 800-те примероци на специјалниот Stinger ќе се нарекуваат KIA Stinger GTS, а од обичниот модел ќе се разликуваат и механички, но ќе вклучуваат и неколку софтверски играчки – веруваме одобрени од сите авто-ентузијасти.

new KIA stingerИмено, GTS моделите ќе може да се порачаат со D-AWD систем кој всушност е погон на 4 тркала, но во себе содржи можност целата моќност од V6 twin-turbo моторот да ја пренесе само на задните тркала преку избирање на Drift Mode од поставките на централниот екран. За добро менаџирање на таа моќност, вграден е механички полу-пролизгувачки диференцијал на задната оска кој работи во синергија со новите софтверски измени.

Вака конфигурираниот Stinger GTS може лесно да ги пролизга задните тркала, но и многу полесно да се контролира откако ќе дојде до тоа, особено во кривина *wink-wink*.Овие механички промени се надополнети со малку естетика – карбонски детали на предниот дел, карбонски ретровизори и карбонски странични отвори за вентилација. Екслкузивна за овој модел е и интезнивната портокалова боја наречена Federation.

Доколку сакате Stinger GTS, ќе треба да живеете во САД и да бидете спремни да платите 44.000 долари за Stinger GTS со погон на задни тркала, или пак 46.500 долари за Stinger GTS со D-AWD системот.

Извор:www.carclub.mk