Sportage e главниот играч на Киа во Македонија

|26.08.2019

26 Август 2019 Појавата на новата генерација Кia Sportage значеше сериозно влегување во СУВ сегментот. Овој модел е особено популарен во Македонија. Пред три години беше избран за Автомобил на годината во Македонија, а продажните бројки што ги прави само потврдија дека истиот е одлично поставен на нашиот пазар, и ценовно и според опремата што ја нуди.

new KIA sportageПланот на Киа Моторс Македонија за годинава е продажба на околу 400 возила од брендот на Kia, што би било за 140 повеќе од ланскиот резултат. Моделот Sportage е во топ-2 модели според продажбата во својот сегмент во Македонија годинава.Лани во понудата на КММ стигна моделот Ceed, кој откако ја понуди хечбек верзијата, набрзо стигна и караванската изведба. Сега во понудата на КММ е и моделот Proceed со што семејството е речиси комплетирано. Во првите шест месеци од 2019 година во Македонија се продадени 197 возила од брендот на Kia. Од нив над 100 се возила Sportage, и тоа со над 85 отсто со бензински 1.6 литарски мотор. Наскоро се очекува да пристигне и модел со mild hybrid со што ќе се зголеми понудата. Останува и можноста за финансирање со 4,5 отсто финансирање за програмата на Kia.

Извор:24auto.mk