ProCeed е вториот Stinger во арсеналот на Kia

|23.08.2019
  • Уште еден силен градител на имиџот на Kia доаѓа во форма што моментно е единствена во класата и во сегментот. „Ceed за професионалци“ спојува елеганција на купе со практичност на комби, а сето тоа заокружено со карактер на престижен крстосувач. Тоа што Mercedes CLA Shooting Brake го умее во премиум сегментот, на Kia ProCeed ѝ успева во големоволуменскиот сегмент.

23 Август 2019 Kia ProCeed го привлекува вниманието на сцената уште откако првпат се искачи на истата, за неговата светска премиера на салонот во Париз лани. Автомобилот е впечатлив, настапува самоуверено и ја има смелоста да пишува ново поглавје во историјата, како моментно единствен „shooting brake“ во компакт сегментот, настрана од премиум моделот Mercedes CLA Shooting Brake.

new KIA stingerKia ProCeed го привлекува вниманието на сцената уште откако првпат се искачи на истата, за неговата светска премиера на салонот во Париз лани. Автомобилот е впечатлив, настапува самоуверено и ја има смелоста да пишува ново поглавје во историјата, како моментно единствен „shooting brake“ во компакт сегментот, настрана од премиум моделот Mercedes CLA Shooting Brake. Сето тоа е неоспорно, овој „Ceed за професионалци“ изгледа добро, вози моќно и размазува со ниво на опрема што не е погрешно да се води како луксузно. Соодветно на тоа е изведена и цената. Kia ProCeed стартува од 24.990 евра. Тоа е цената за македонскиот пазар, официјално соопштена денес при домашната премиера на моделот.

new KIA stingerКај толку специфичен модел, каков што е ProCeed, не смее да се направи утка – и не се прави. Третата моделска изведба во гамaта на Ceed, со својот имиџ ќе влијае и врз класичниот компакт со пет врати, исто како и врз практичното комби Ceed SW, коешто ја воспоставува вообичаената ценовна рамка. ProCeed подеднакво влијае и врз сите модели погоре или подолу во понудата на Kia, затоа нели е градител на имиџот. Тоа е дел на обемни истражувања, експертизи, вложувања на средства и време. Ваков модел не смее да утне, и не утнува. Пресметувањето на цената на „доплатата за каросеријата“ кај Proceed е малку посложено, затоа што Ceed кај нас не се нуди со нивото GT-Line, коешто е почетно кај комби-купето, меѓутоа во најгруби рамки: Ceed 1.0 T-DGi со 120 КС и со второто ниво на опрема EX Advance чини 19.990 евра (без акцискиот попуст од 2.000 евра), комбито Ceed Station Wagon со истиот мотор и опрема чини 20.790 евра (исто така без акцискиот попуст), додека ProCeed со истиот мотор, но со едно ниво на опрема погоре, чини 24.990 евра. Доколку се земе предвид побогатата опременост, разликата во цената меѓу комбито Ceed SW и стилското комби-купе ProCeed би изнесувала помалку од две илјади евра.

Кај престижното комби-купе не се спомнува „акциска цена“ или „попусти“ – тоа се чувствителни прашања во моделската политика, којашто во Киа Моторс Македонија се спроведува мошне вешто

kia pro ceed

За разлика од главните освојувачи на пазарот за марката во компакт класата, Ceed и Ceed SW, кај ProCeed не се комуницира акциска цена, што само би му наштетило на имиџот на комби-купето. Тоа е вештината на кроењето на моделската политика во Киа Моторс Македонија, и на луѓево мора да им се признае за тоа. Основните бројки за моделот откриваат дека ProCeed е долг 4,61 метри, широк 1,8 метар и висок 1,42 метар, при исто меѓуоскино растојание со комбито, од 2,65 метри. Багажникот располага со зафатнина од 594 литри и максимални 1.545 литри. Соодветно на намената на овој модел, багажникот е изработен со истите материјали и финиш како кабината, лесно е пристапен и добро искористлив, а секако дека не недостига и електромотор за ракување со капакот.Понуда на погонски единици од 120 до 204 КС
Четири погонски единици стојат на располагање: 1.0 T-GDi со 120 КС, 1.4 T-GDi со 140 КС и топ-моторот 1.6 T-GDi со 204 КС. Дизелската фракција ја покрива 1.6 CRDi со 136 КС. Кај сите мотори, освен кај основниот, постои можност за доплата за седумстепен менувач со двојна спојка, што чини 1.590 евра кај топ-моторот.

„Основното“ ниво на опрема GT Line вклучува напредни системи за асистенција, меѓу кои предупредување за возило што наидува од попреку при излегување наназад од непрегледен паркинг или систем за следење лента, заедно со самостојното запирање при опасност од судир. Секој ProCeed доаѓа и со паркинг сензори напред и назад, камера за рикверц, автоматски клима уред со две зони, електрична паркирна сопирачка, старт на копче, навигација со дисплеј од 8 инчи, странично подрачје на седиштата обложено со кожа, безжичен полнач за телефон, но и целосно диодни предни и задни светла или алу-бандажи од 17 инчи, со гуми Michelin 225/45.

Директорот за марката, Владимир Билбилов, ја развива стратегијата на моделската гама на Ceed чекор по чекор; Наскоро следи уште една сензација, XCeed

Над тоа, во нивото GT следат уште озвучување JBL, стаклен покрив, кожени седишта вклучувајќи греење и за задната клупа, триделна задна клупа, дополнително затемнети задни стакла и бандажи од 18 инчи, со гуми Michelin 225/40. Во комбинација со менувач со двојна спојка, опремата вклучува и радарски темпомат, рачки за мануелно ракување со менувачот и избор на програми за возење. По ProCeed следи уште една своевидна сензација во гамата на Kia, кросоверот Xceed, кој исто така ќе настапува како стилско парче во компакт класата, но во поглед на спецификацијата нема да оди толку високо како ProCeed, туку ќе биде поблиску до класичарите во понудата на марката.

Извор:automedia.mk