„Kia Promise“ ја продолжува гаранцијата на автомобилите низ целиот свет

|21.04.2020
  • Компанијата Kia Motors ја проширува фабричката гаранција на моделите каде истата истекува помеѓу 1-ви февруари и 30-ти април 2020 година
  • Kia Promise гаранцијата во Македонија се продолжува до јуни 2020; целта е да се покрие секој клиент кој не можел да го посети сервисот за време на пандемијата
  • Програмата опфаќа 500.000 автомобили низ целиот свет

21 Април 2020 Компанијата Kia Motors објави дека ја стартува програмата Kia Promise, која ја продолжува фабричката гаранција на автомобилите. Оваа програма е создадена за да им помогне на клиентите чии движења се лимитирани поради пандемијата од вирусот COVID – 19.

new KIA promiseПрограмата опфаќа 142 земји низ целиот свет, а ние сме е една од нив. Сите клиенти чија фабричка (5 годишна) гаранција истекува во периодот од 1-ви февруари до 30-ти април, ќе им биде продолжена до 30-ти јуни 2020 година. Ова програма ги опфаќа и клиентите чии редовни сервиси се во овој период. Тие покарај изминатите километри треба да ја запазат и временската дистанца, но сервисниот програм Promice to Care ќе го толерира ова се додека трае пандемијата.

„Со оглед на тоа што многу земји и компании преземаат мерки на претпазливост за да се спротивстават на пандемијата COVID-19, Kia Promise има за цел да им помогне на клиентите кои можеби не се во можност да го посетат сервисот во ова време.

Сангдаe Ким, постар потпретседател и раководител на одделот за искуства на потрошувачите во компанијата Kia Motors, коментира: „Со проширување на сеопфатниот гарантен рок, компанијата Kia Motors со ваквиот чекор се надева дека клиентите ќе имаат една грижа помалку. Целта е да помогнеме и да ги ублажиме сите грижи што ги имаат нашите клиенти во врска со одржувањето на возилото за време на периоди на социјално растојание“.

Со приоритет на безбедноста, здравјето и благосостојбата на своите клиенти, деловни партнери и вработени, Kia Motors Macedonia продолжува внимателно да ги следи случувањата и препораките на Министерството за здравство.