Имаме моќна порака!

|19/03/2019
  • Од челните луѓе на производителите на автомобили секогаш има нешто интересно да се слушне

19 Mарт 2019 По успехот на Niro кој беше многу добар за нас ја лансиравме и неговата електрична верзија, а сега одиме и со електричниот Soul за кој сите во компанијата мислиме дека ќе биде многу успешен.

KIA Тој е доста поларизирачки автомобил според својот дизајн за повеќето купувачи на електричните возила кои сé уште се држат настрана и не сакаат да возат автомобили кои изгледаат некако „специјално“. Мислам дека нашето присуство тука во Женева дефинитивно носи порака што ќе правиме со електрификацијата, а тоа е дека ќе имаме само електрифицирани возила – од хибриди, преку благи и плаг-ин хибриди, до целосно електрични возила. Сите наши возила на некој начин ќе бидат електрифицирани. – И концептот што го покажавме исто така е електрифициран. Тој е визија од дизајнерски аспект но прикажува и каква ќе биде електричната платформа на Kia. Тоа е главната порака на брендот која ние преку концепти ја пренесуваме сега. Битно е и колку брзо ќе се адаптираме на електрификацијата, бидејќи ситуацијата на пазарот многу се разликува од земја до земја и мора да бидеме подготвени да покриеме сé без разлика што ќе се случи. Треба да реагираме на секоја ситуација во согласност со сфецифичностите на пазарот во однос на прописите и сé друго. Сметам дека како бренд сме во многу добра позиција да одговориме на насоките во кои различните пазари ќе тргнат.

Извор: www.avtomagazin.com.mk