Цело моделско семејство на Kia Ceed со награди за дизајн

|29.03.2019
  • Трикратна победа на Kia Ceed на овогодишното прогласување на најдобрите дизајни во рамките на манифестацијата Red Dot Awards.

29 Март 2019 Трикратна победа на Kia Ceed на овогодишното прогласување на најдобрите дизајни во рамките на манифестацијата Red Dot Awards. Сите три каросериски изведби на новиот Ceed, комбилимузината, комбито Sportswagon и купе-комбито ProCeed, ја добија престижната награда за дизајн. Kia имаше хет-трик и лани, а пред извесно време марката понесе три награди и во рамките на манифестацијата iF Design.

new KIA StonicЗа познавачите на марката и на автомобилската сцена не е изненадување тоа што токму моделите на Kia честопати триумфираат на „изборите за убавина“. Повеќе од една деценија, дизајнот на возилата од марката го потпишува Петер Шрејер, кој се вбројува меѓу најдобрите активни дизајнери во автомобилската бранша. Првата награда во рамките на Red Award ја освои Kia Soul, во 2009 година. Оттогаш, марката има освоено 24 награди на оваа манифестација.

Изгледот на триото Ceed произлегува од Kia Stinger, којашто и самата е носител на наградата Red Dot во 2018 година Дизајнот на новото моделско семејство се создаваше во европскиот центар на Kia во Франкфурт, под раководство на Петер Шрејер и Грегори Гијом, европскиот шеф за дизајн. Инженерингот и развојот се дело на центарот во Риселсхајм, исто така во Германија, додека производството на сите три каросериски изведби се одвива во супермодерната фабрика во Словачка.