Новиот KIA Ceed сега е достапен со 1-литарски турбо-бензинец и интересниот Black Pack!

|18.04.2019
  • Новиот Ceed веќе е навистина популарен кај нашите купувачи – а сега е достапен со уште поинтересен мотор – 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со 120 коњски сили!

18 Април 2019 Понудата на Ceed кај Kia Motors Macedonia е збогатена со уште една верзија. Во салоните на Kia Motors низ Македонија веќе е достапна Black Pack едицијата на Ceed. Овој модел од понудата е комбиниран со новиот 1.0 T-GDi турбо мотор кој испорачува 120 коњски сили при 6000 вртежи во минута и одлични 172 Nm вртежен момент од 1500 до 4000 вртежи во минута.

new KIA CEEDCeed опремен со овој мотор може да забрза до 100 километри на час за 11.1 секунда и да постигне максимални 190 километри на час. Секако, интересен новитет е и Black Pack едицијата која всушност е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со Black Pack додатоци во надворешниот изглед. Нивото на опрема во LX Vision е надополнето во надворешниот изглед, а во себе покрај стандардната опрема ги вклучува капачињата за ретровизори во црна мат боја и 16-инчни алуминиумски тркала во црна боја.Ceed опремен со овој мотор може да забрза до 100 километри на час за 11.1 секунда и да постигне максимални 190 километри на час. Секако, интересен новитет е и Black Pack едицијата која всушност е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со Black Pack додатоци во надворешниот изглед. Нивото на опрема во LX Vision е надополнето во надворешниот изглед, а во себе покрај стандардната опрема ги вклучува капачињата за ретровизори во црна мат боја и 16-инчни алуминиумски тркала во црна боја.

Извор: www.carclub.mk