Новиот Kia Ceed понуден со нов мотор и збогатена опрема

|17.04.2019
  • Со нов трицилиндерски мотор од 120 КС и со богата Black Pack опрема, новиот Ceed е веќе достапен во салоните на Kia по акциска цена од 15.990 евра.

17 Април 2019 Беше само прашање на време кога гамата на популарниот корејски компакт ќе го добие новиот 1.0 T-GDi мотор.120 КС искомбинирани со опрема од Black Pack – едицијата, на новиот Ceed ќе му овозможат нови перспективи.Сега, познатиот трицилиндерски мотор од 998 ccm кој го познаваме од поновите модели на марката, ќе работи и под хаубата на новиот Ceed.

new KIA CEEDАко само ги погледнеме кратенките со кои тој е опишан ќе стане очигледно дека сите современи достигнувања кои со себе ги носат директното вбризгување, турбо технологијата и вградувањето по четири вентили на секој цилиндар, се инкорпорирани на едно место.Да, некаде во развиениот свет исполнувањето на најновите Euro 6d Temp стандарди носат и разни финансиски бенефиции за сопственикот, но ниското ниво на емисија на штетни гасови, кај нас е оставено само на совеста на корисниците. Во понудата на домашниот увозник, новиот мотор е искомбиниран со повисоко, Black Pack ниво на опременост и затоа слободно можеме да заклучиме дека станува за збор за мудро осмислен пакет кој акциски се нуди по цена од 15.990 евра.Фер и коректна понуда за која сметаме дека ќе успее да го привлече вниманието на широк круг интересенти.

Извор: autoinfo.mk