Наредното изненадување од Kia

|20/03/2019
  • Наредното изненадување од Kia

20 Mарт 2019 Се споменуваше дека ќе ја видиме во Женева, но на неа сепак ќе почекаме уште малку. Чекањето ќе се исплати бидејќи кросовер верзија на Ceed ќе биде наредното изненадување од Kia.

KIA Треба да биде означена како XCeed што сé уште не е потврдено. Во понуда на Kia ќе се смести меѓу Stonic и Sportage и ќе претставува најпрестижен модел на марката во Ц-сегментот. Скицата што ја прикажува ни дава суптилен увид во изгледот, навестувајќи по што ќе се разликува од постоечкиот хечбек. Од него ќе презеде голем дел од механиката вклучително и моторите, така што и покрај поробусниот изглед и зголемениот клиренс не треба да се очекува погон на сите тркала. Место него, за подобра теренска проодност ќе се грижи електрониката. И ентериерот е прекопиран од истото семејство, со тоа што во него се среќава за нијанса повисока опременост. После практичниот караван и елегантниот ProCeed shooting brake модел, тој би требало да биде последен член на Ceed-семејството. Се очекува XCeed или како веќе ќе се вика, официјално да биде покажан кон средината на годината.

Извор: www.avtomagazin.com.mk