Корпоративни Новости.

Високи пофалби за Kia Venga по поминати 100.000 км. на супер тест - „сон на секој купувач“|16.07.2013

Еден од најугледните автомобилски списанија на светот, Германскиот Auto Bild, по завршувањето на супер тестот во кој се поминати 100.000 км. го прогласи моноволуменскиот модел на KIA -Venga за „сон на секој купувач“.

По возерњето на Kia Venga 1.4 со бензински мотор CVVT Eco Dynamics моделот во период од две години, Луѓето од Auto Bild што тестираа возилото нагласија дека кабината е просторна и фамилијарно ориентирана, со висока позиција на возење, лесно влегување и излегување, корисна лизгачка задна клупа за седење и тивок мотор за време на градското возење.

Низ тестот, моторот на Venga не бараше дополнување на масло помеѓу сервисите, Трансмисијата беше комплетно доверлив и сигурен, возилото сеуште сопираше добро со оргиналните диск плочки и дискови на крајот од втората година.

Меѓу сите 97 возила што беа тестирани од Auto Bild од 2000 година па наваму во тестот на 100.000 км. Kia Venga е на второ место што ја става меѓу најдоверливите модели на пазарот.