Корпоративни Новости.

Киа го покажа Stonic – привлечен и самоуверен компактен кросовер  |07.06.2017

KIA stinger

Сеул, 7 јуни 2017  Новиот модел од „Б“ сегментот на Kia го носи името Stonic. Тоа е привлечен и самоуверен компактен кросовер со европски дизајн, инспириран од формите и функционалноста на поголемите SUV модели од марката.

Името Stonic произлегува од зборовите Speedy и Tonic, што се одликуваат со првата и последната нота на музичката скала. Така Stonic нагласува дека е агилен автомобил и нуди нешто ново и свежо во компакната SUV класа.

Убедливата линија на покривот и специјално изработените носачи за куфер му даваат спортски изглед на моделот, додека графиката на светлосните групи е онаа што го носи моделот кон иднината и наклонетоста кон помалдиот свет. Дизајнот комбинира остри хоризонтални линии со меки површини што донесуваат до компактни димензии и ниска точка на гравитација.

new KIA Европскиот дизајн на кабината потсетува на надворешниот изглед на автомобилот, со остри линии и мазни површини кои формирааат геометриски тела. Техологијата и ергономијата се срцето на Stonic. Тоа го докажува и просторот обезбеден за секој патник, како и информативниот дисплеј кој е сместен централно на конзолата и изгледа како да лебди.

Компакниот кросовер го очекуваме да влезе во продажба во втората половина на 2017 година. Инаку ова ќе биде модел на Kia кој ќе нуди најмногу промени на клиентите во надворешниот и внатрешниот дел.