Корпоративни Новости.

Kia Stinger со тестови во екстремни услови  |14.03.2017

  • Моќниот и сосема нов "fastback" спортски седан ја редифинира Kia како бренд
  • Kia Motors истраја во ветувањето за сериски модел од ГТ концептот
  • Дизајниран во Франкфурт, развиен на Нирбургринг со Kia квалитет кој е водечки во индустријата.
KIA stinger

Март 9, 2017 Новитетот на Kia, моделот Stinger, беше присутен на Артикот за последните тестови од развојот. Почетокот на производството на овој модел се очекува во средината на 2017 година, додека официјалната премиера се случи на почетокот на месец март за време на автомобилскиот саев во Женева. Почнувајќи од базата на компанијата во Европа, преку патеката Нирбургринг, инженерите на Kia се префрлија во северна Шведска со цел да го доведат моделот до екстремни нисти температури и да ги тестираат неговите способности во такви услови.

Ова последно тестирање на новиот седан ќе им овозможи на инженерите да го подесат автомобилот во своето управување, како на погонот на задните тркала, така и на погонот на сите тркала. Истите овие тестови ќе ја покажат и функционалноста на сите електронски помагалашто се нудат на возачите.

Со почетокот на продажбата на Stinger, Kia за прв пат ќе понуди седан со можност за погон на задната оска, но и на сите тркала. Опцијата all-wheel drive е опремена со системот Dynamic Torque Vectoring, кој автоматски додава и одзема сила од тркалата во зависност од ситуацијата. За разлика од ова моделот со погон на задните тркала е опремен со систем за заклучување на задната оска што придонесува до максимално безбедно управување и уживање во возењето.

Stinger во Европа ќе биде достапен со можност на избор помеѓу три агрегати во зависност од пазарот. Најмоќен е V6, 3.3 литарскиот мотор со двојна турбина, кој развива 370 коњски сили и максимален вртежен момент од 510 Nm. Со овој мотор Stinger може да забрза од 0 – 100 km/h за 5,1 секунда, што го прави овој модел со најдобро забрзување во историјата на компанијата. Тука е и 2.0 литарскиот агрегат со турбо полнач кој развива 255 коњски сили и максимален вртежен момент од 353 Nm. За љубителите на дизел агрегатите, компанијата го нуди 2.2 литарскиот турбодизел кој е наменет само за пазарот во Европа. Овој мотор нуди 200 коњски сили и вртежен моомент од 440 Nm. Сите агрегати се комбинираат со новата роботизирана трансмисија која им осум степени на пренос.