Корпоративни Новости.

KIA Sportage победник на истражувањето на J.D. Power за 2014 |27.06.2014

  • Kia Sportage е победник на истражувањето на J.D. Power за 2014 година и се искачи на највисокото скалило во својата класа на компактни спортски теренски возила.

Истражувањето се базира на севкупното задоволство на сопствениците на автомобили на германскиот пазар.

Студијата опфати повеќе од 18.000 германски возачи, кои во детален online прашалник го изразија степенот на задоволство од своите автомобили. Возачите оценуваа квалитет, сигуреноста, привлечноста и тековните трошоци за автомобилот.

Sportage, со оценка од 83,6%, имаше најзадоволни сопственици во својата класа на компактни спортски теренски возила. Kia Cee’d сe најде на 2-то место во Ц сегментот на возила со 81,2%, додека Rio е на 3-то место во Б сегмент со 81,3%, а Venga котира на 4-то место помеѓу малите моноволуменци со 77,4%.

Во целокупното производство на автомобили во Германија за 2014, Kia стигна на 10-то место, искачувајќи се 5 места од 2013 година, при што покажува долгорочен напредок во задоволството на клиентите на ниво на бренд.

Sportage со 89.553 продадени автомобили во 2013 е најпродавано возило на Kia во Европа, што е за 11% повеќе од претходната година. Се произведува во фабриката на Kia во Жилина во Словачка.