Kia Motors Macedonia Новости

KIA Motors Macedonia го промовираше долгоочекуваниот модел во Б сегментот KIA Rio |12.10.2011

(Скопје) - KIA Motors Macedonia го промовираше долгоочекуваниот модел во Б сегментот KIA RIO. Новото RIO има значителни промени во линијата и самата каросерија. Овој нов, енергичен и навистина впечатлив модел со модерен дизајн веќе ги заинтересира своите обожаватели. Економичен и еколошки идеален за возење низ градските улици или на отворен пат. Новиот модел се нуди во две каросериски изведби со 3 и 5 врати и гама од 4 мотори ( два бензински 1.2i D-CVVT 16v 85KS, 1.4i CVVT 16v 109 KS и два дизелски 1.1CRDi  WGT 12v 75KS, 1.4CRDi WGT 16v 90KS)