Корпоративни Новости.

Двојна победа за Kia на наградите за дизајн „Red Dot Award“ 2015  |06.04.2015

  • Kia Soul EV и новото Kia Sorento со почести
  • 13 „Red Dots “ за Kia од 2009
  • Престижниот натпревар за дизајн оваа година слави 60-годишнина

(СЕУЛ) Март 30, 2015 –– Дизајн тимот на Kia Motors уште еднаш ја воодушеви комисијата на годишните „Red Dot“ награди освојувајќи две „Red Dots“ за извонреден дизајн на производ за Kia Soul EV и новото Kia Sorento SUV.

Програмата на наградите „Red Dot“ е еден од највисоко почитуваните интернационални натпревари за дизајн, и ја слави својата 60-годишнина во 2015. Оваа година комисијата – составена од експерти за дизајн од разни индустрии - додели „Победник“ и„Пофалба“ на Kia Soul EV, односно Kia Sorento, во поглед на нивните извонредни детали во дизајнот.

Откако ја добија својата прва награда на овој интернационално признат натпревар за дизајн во 2009, производите на Kia, кои се насочени кон дизајнот, се успешни секоја година. Вкупно 13 Kia модели имаат освоено „Red Dot’’ заедно со многубројните останати награди за дизајн.

Ова не се првите награди за неодамна лансираната Kia Soul и новата генерација на Sorento, од кои двете ја освоија познатата iF награда за дизајн во 2014 и во 2015. Kia Soul – близнакот модел на EV електричната верзија – исто така доби „Red Dot“ во 2014.

“Нашите интернационални дизајн тимови ја имаат секоја причина да бидат горди за пофалбите кои ги освоивме на наградите „Red Dot“ во 2015, кои покажуваат колку се успешни во усовршувањето на различните предизвици во дизајнот на овие два модела”, вели Петер Шрејер, претседател и главен дизајнер на Kia Motors корпорацијата и Hyundai Motor компанијата.

“Третата генерација на Kia Sorento суптилно го промени карактерот и направи огромен чекор нанапред во поглед на квалитетот. Новиот модел го комбинира класичниот SUV дух со врвен изглед, што е особено забележливо кај ентериерот. “Кабината на Kia Soul EV вклучува извонредни материјали и квалитет на дизајнот. Кога се дизајнира автомобил, целта е да се опфатат конкретните предизвици на електрично возило како свежа можност и нашиот дизајн тим тоа брилијантно го постигна.”

Kia Soul EV: препознатлив дизајн и технологија на иднината

Kia Soul EV блиску наликува на втората генерација на Kia Soul, која дополнително го носи смелиот изглед и индивидуалноста на урбаниот кросовер. Промените на електричната верзија се особено забележливи напред: димензиите на долниот влез за воздух се порамни и решетката е заменета со табла што ги покрива влезовите за полнење. Kia Soul EV е достапна во ексклузивен, двобоен стил (со покрив во различна боја).

Дизајнот на ентериерот ги следи основните модели, но, сепак, користи препознатлив концепт. Светлата, пријатна кабина има врвен изглед и може да се пофали со голем број технички иновации, од OLED (органска светлосна диода) екран, до иновативни особини за заштеда на енергија, како што е новата опција за греење, вентилација и разладување на возачот.

Обвивката на батеријата што штеди простор – сместена во подот на возилото – му овозможува невообичаено голем простор на автомобилот, кој е 4,140 mm долг, споредено со другите електрични возила со слична големина. Дополнително, 110 ps (81 kW) на Kia Soul EV нудат извонредно агилно возење и овозможуваат еден од најголемите рангови во својот сегмент (до 212 km од едно полнење).

Новото Kia Sorento: динамична елеганција и неверојатна сестраност

Новото Kia Sorento комбинира тенок и елегантен изглед со моќно присуство на патот. Динамичкиот изглед е дополнително нагласен со долгото тело (4,780 mm) и понискиот покрив. Големата, речиси вертикална „тигарски нос“ решетка додава на самоуверениот изглед на автомобилот, со крупниот изглед под телото на предниот и задниот дел нагласувајќи го SUV карактерот.

Новиот дизајн на Kia е развиен под водство на дизајн тимот на Kia во Намјанг, Кореја, со помош од дизајн центрите на Kia во Франкфурт, Германија и Иривин, Калифорнија. Европскиот дизајн тим е одговорен за уредување на елегантниот и луксузен ентериер.

Чистиот, модерен дизајн на кабината е граден околу серија широки, хоризонтални линии нагласувајќи ја просторноста на новиот SUV. Автомобилот, кој е достапен со пет или седум седишта (зависно од пазарот), има извонреден степен на сестраност – нуди лизгачки втор ред на седишта и багажник кој држи до 1,732 литри (VDA).

Награда „Red Dot“ – најголем натпревар за дизајн на производи во светот

Наградата „Red Dot - Дизајн на производи“ е најголемиот интернационален натпревар за дизајн на производи во светот. Оваа година 1,994 компании од 56 држави учествуваа со 4,925 нови производи за високо посакуваната „Red Dot“ награда. Натпреварот, кој се одржува од 1955 година од Дизајн центарот во Северна Рајна-Вестфалија, додава огромна важност на објективноста на високопочитуваната комисија: за да се избегне каква било пристрасност, ниеден член на комисијата не смее да биде вработен во производствената индустрија.

Во 60. година на натпреварот интернационалната комисија од дизајнери, професори и новинари од 25 држави вклучуваше едни од најголемите лидери на мислата во дизајнот, како што се дизајнерите Вернер Ајслингер (Германија), Ханс Енрих (Шведска), Џими Чу (Малезија), Хидеши Хамагучи (Јапонија), Мартин Дарбишир (Велика Британија) и Кен Окујама (Јапонија). Производите се оценуваат според критериуми како функционалност, степен на иновативност, ергономија, квалитет и еколошка компатибилност.

Официјалната презентација на наградите „Red Dot“ 2015 ќе се одвива на 29 јуни во Есен, Германија, во театарот Алто, оперска куќа дизајнирана од Алвар Алто.

За корпорацијата Kia Motors
Kia Motors корпорацијата (www.kia.com) – производител на квалитетни возила за оние кои се чувствуваат младо – е основана во 1994 година и е најстар производител на возила на Кореја. Над 3 милиони Kia возила се произведуваат во 10 установи за производство во пет држави кои потоа се продаваат и сервисираат низ мрежа на дистрибутери и продажни места кои покриваат околу 150 држави. Kia денес има околу 49,000 вработени низ целиот свет и годишни приходи од приближно 45 билиони долари. Таа е главен спонзор на Australian Open и официјален партнер на ФИФА– управното тело на ФИФА Светско првенство™. Слоганот на корпорацијата Kia Motors Corporation – "Моќ да изненади" – ја претставува глобалната посветеност на компанијата да го изненади светот со создавање возбудливи и инспирирачки искуства кои ги надминуваат сите очекувања.