Корпоративни Новости.

Новиот KIA Soul и драматичниот нов KIA urban concept поставени за премиера на Франкфуртскиот саем за автомобили|16.08.2013

  • Новото двогоривно (возило на плин) Kia Picanto LPGi и надградената KIA Optima се исто така се изложени во Франкфурт

Франкфурт 16 Август 2013 - Сосема новата верзија на KIA Soul ќе го направи своето деби на 65-от саем на возила во Франкфурт(Internationale Automobil-Ausstellung) на 10ти Септември 2013. Ќе биде придружен од надградената драматично и ново концепт возило од Б сегментот, кое ќе ја има својата премиера како и новото двогоривно Kia Picanto LPGi и надградената KIA Optima.

Низ тестот, моторот на Venga не бараше дополнување на масло помеѓу сервисите, Трансмисијата беше комплетно доверлив и сигурен, возилото сеуште сопираше добро со оргиналните диск плочки и дискови на крајот од втората година.

Сосема новата верзија на KIA Soul останува доследен на оригиналниот дизајн, цо модерни дизајнерски знаци задоволувајќи ја подобрената динамика и палета на економиќни мотори. Мазниот и нов изглед на надворешностае инспирирана од 2012 Kia Track’ster концептот и претставува темелно свеж и по созреан изглед без да ја изгуби индивидуалноста

„Soulot привлече лојални следбеници меѓу купувачите на KIA, па затоа беше битно новиот модел да остане доследен на оргиналниот препознатлив дизајн“ коментираше Benny Oeyen потпретседател на маркетингот и планирање на продуктот на Kia Motors Европа.

Сосема новиот KIA Soul 2014 ќе почне да се продава низ Европа на почеток на пролетта, кога ќе биде готова целата гама на моделот: од бензински и дизел мотори, економија, опременост, спефицикации и цените ќе бидат потврдени.

KIA исто така ќе го претстави и новиот Европски концепт автомобил, кој наговестува место во Б сегментот за урбана околуна со стил и издржливост.

Последниот концепт на брендот е роден од одлучноста на KIA да бара нови опции за компактни автомобили за урбани возачи, и е дизајниран и направен во Европа со Европски вкус и очекувања првенствено во умот.

Новото двогоривно (возило на плин и бензин) Kia Picanto LPGi, развиен за зголемените потрошувачки побарувања за мали автомобили со ниски трошоци за оддржување, исто така ќе биде претставен на саемот. Новиот модел ќе биде придвижен од специална верзија на KIA 3 цилиндарцкиот 1.0 литарски Kappa мотор, кој ќе испорачува 67 ks i 90 Nm вртежен мотент. Новото двогоривно (возило на плин и бензин) Kia Picanto LPGi ветува дури уште пониски тековни трошоци од конвенционалното бензинско Picanto.

Новата варијанта ќе забележи економиќност од 5.8l/100km CO2 емисии од 100g/km при режим на LPG (плинско) взоење. Моделите со автоматскиот stop-start (ISG) систем ќе имаат потрошуваќка од 5.6l/100km и 97g/km.

Новото Kia Picanto LPGi е опремено со два резервара за гориво: регуларен резервар за бензин од 35 литри и 27 литарски LPG резервар кој се наоќа под подот на багажникот во просторот за резервната гума. Возачите ке можат да го менуваат режимот на работа од бензин на LPG и обратно со просто притискање на дугме.

Најпрво новото двогоривно (возило на плин и бензин) Kia Picanto LPGi ќе биде достапно за продажба во Германија, Италија, Полска, Чешка, Грција, Португалија и Холандија - каде се очекува да достигне до7% на продажбата на Picanto. Кога ќе почне со продажба подоцна оваа година новото Picanto на LPGi ќе биде прво возило на пазарот со 7 годишна, 150.000km гаранција

Одговарајќи на барањата на потрошувачите и развитокот на се по компетитивниот Европски пазар, саемот во Франкфурт исто така ќе види претставување на надградената KIA Optima со посилен дизајн, нов имиџ, погодности и сигурносни карактеристики, зголемена рафинираност, подобрен квалитет и повеќе врвна изработка.

Освен визуелното освежување на моделот о D сегментот, KIA исто така се фокусираше на претставување на поголема рафинираност во Optima, една од клучните области на која инжинерите и посветија внимание. Мерки кои се преземени за намалување на бучавата се нов динамички амортизер на задната суспензија(rear suspension cross member), подобрување на звучната изолација на возилото и прикладни нови посилни алумински фелни. Комбинираните меркија намалија бучавата за 3.3 dB.

Многубројни промени дизајнирани за подобрување на економијата на моторот се исто така имплементирани, вклучувајќинов алтернатор (overrunning alternator decoupler) и нов и иновативен систем за менаџирање на акумулаторот. Како резултат CO2 емисиите започнуваат од 133 g/km за 1.7l дизел мотор и одат до 128 g/km кај моделите со stop/start ISG систем. Optima e меѓу возилата со најмала такса во повеќето европски земји.