Корпоративни Новости.

Златен управувач за Peter Schreyer|05.12.2013

  • На предводникот на дизајнерскиот тим на KIA Peter Schreyer доделена му е награда „Златен управувач за 2013 година“ заради големото допринесување во автомобилската индустрија.
    Schreyer од неодамна е и предводник на дизајнот на Hyundai Motors групацијата.
  • Peter Schreyer е вториот автомобилски дизајнер во историјата кој ја освојува оваа престижна награда.

Никогаш дизајнот не бил толку значаен во авто индустријата. Ова тврдење го потврди и одлуката на жирито при изборот на добитникот на наградата „Златен управувач за 2013 година“. Во склопот на една од најпрестижните доделувања на награди председателот на KIA и главен дизајнер на групацијата Hyundai Motors, Peter Schreyer ја доби почесната награда „Златен управувач за 2013 година“ заради големото допринесување во автомобилската индустрија.

Баварецот Schreyer го води дизајнерскиот тим на KIA од 2006 година, а на почетокот на оваа година стана и председател на групацијата Hyundai Motors. Peter Schreyer е задолжен за дизајн на 5-те најголеми производители на автомобили во светот и е втор награден дизајнер во историјата на доделени награди на „Златен управувач за 2013 година“. Познатиот Giorgetto Giugiaro го доби тоа признание далечната 1995 година.

Добитници на престижното признание во последниве неколку години беа Ferdinand Piëch, првиот човек на Volkswagen (2012), Alan Mulally, председател на управата на Ford Motor Company (2011) и председателот на управата на BMW  (2010). Изборот се одвива во организација на авто магазините Bild am Sonntag и AutoBild, а свечената додела на признанијата се одржа на 12 ноември во Берлин.

 “Исклучително сум горд заради оваа значајна награда. За мене е ова голема чест и истовремено признание за нашите дизајнерски оддели низ целиот свет кои последните неколку години одработија голема работа” нагласи Schreyer. Тој е најзаслужен за правење на повеќекратно наградуваните дизајни на KIA и ‘тигровата маска’ - карактеристична маска по која моделите на KIA станаа препознатливи.


“Корпорацијата Kia Motors ми пружи единствена прилика да почнам од нула и на автомобилскиот бренд да му дадам сосема ново и карактеристично лице. Одговорноста за дизајн на групацијата Hyundai Motors е нов предизвик и истовремено прилика за поставување на јасно различна дизајнерска стратегија за овиа два бренда” додаде 60 годишниот Баварец.

Peter Schreyer се усовршувал на факултетот за применети уметности во Минхен и Лондон во склоп на факултетот Royal College of Art, а истиот во 2007 година му додели почесен докторат. Преед неговото доаѓање во KIA, Schreyer беше одговорен за дизајн на модели како што се Audi TT, Volkswagen Beetle и Volkswagen Passat.

Во KIA, Schreyer разви дизајнерска филозофија која представува едноставност и јаснотија, атокму тоа и влијаеше на успехот на брендот - вопоследните 5 години KIA ја дуплираше својата глобална продажба и во 2012 година продаде преку 2,7 милјони возила.  

Под водството на Schreyer дизајнерските тимови на KIA во Кореа, САД и Франкфурт креираа неколку фасцинантни возила како што се култниот кросовер Soul, динамичниот спортски теренец Sportage, елегантната лимузина Optima, електричниот концепт POP, проектот GT и спортскиот концепт 4x4 компактниот Kia provo.

Schreyer се потпиша скоро под целокупната палета на модели на KIA. Последниот модел кои чекаше редизајн е новиот Kia Carens кои носи нова визуелна динамичност во класата на моноволумени.

 Привлечноста на дизајнот на KIA не го исликува само продажниот успех туку и големиот бројкои KIA ги освои откако Peter Schreyer и се приклучи на корпорацијата. Дури десет модели на KIA ги доби престижните red dot награди за дизајн, а лимузината Optima и новиот pro_cee’d дури доби признание 'најдобар од најдобрите'. Стручните лица дури ја пофалија и целата дизајнерска стратегија па така жиритоо на Automotive Brand Contest ја оцени KIA како 'најдобра од најдобрите' за 2011 во категорија за дизајн на бренд.

 „Златен управувач“ спаѓа меѓу најважните автомобилски награди во Европа. Наградата која се доделува од 1976 година, секоја година се наградуваат најдобрите нови модели, додека почесниот Златен управувач од 1983 година се доделува на водечките личности во автомобилската индустрија. До сега ова престижно признание го добија два F1 пилоти: Michael Schumacher (1993) и Lewis Hamilton (2007).

Во категоријата на возила победник бираат читателите на автомобилистичките списанија Bild am Sonntag и AutoBild или независен жири со 40 членовикои го сочинуваат професионални возачи, инженери, дизајнери и автомобилски новинари. Добитникот на Златниот управувач го бираат представници на овие две списаниа како и издавачката куќа Axel Springer.