Корпоративни Новости.

PARIS MOTOR SHOW 2014|08.10.2014

paris kia  sorento

Придружете ни се во откривањето на новото Sorento, третата генерација на легендарниот теренец на Kia кој во себе содржи напредни технологии. Освен теренецот ви претставуваме и ексклузивен поглед во иднината - во центарот на вниманието ќе бидат презентирани Optima Mild Hybrid, Електричниот Soul EV како и Optima Hybrid.


Прошетајте го KIA просторот

Оваа година ќе имате можност да ги доживете најновите модели на Kia без разлика каде се наоѓате. Благодарение на пионерски технологија на Google,од било кој дел на светот можете да го погледнете секој агол на изложбениот простор на Kia - виртуелна прошетка. Ако сте заинтересирани за одреден модел веројатно таму ќе најдете подетални информации за неговите карактеристики.

Sorento

Новото Kia Sorento, кое претрпе минимални но значајни дизајнерски промени повторно останува најпопуларниот SUV на Kia. Со својот смело дизајниран екстериер како и луксузната кабина, Sorento преставува третата генерација која може да се пофали со врвен квалитет, практичност и иновативни технологии.

повеќе...

Optima Mild Hybrid

kia optima hev

Kia премиерно го претстави новиот иновативен дизел-електричен погон - Kia Optima Mild Hybrid.Постоечкиот 1.7-литарски турбо дизел мотор CRDi, му помага на малиот електричен мотор кој е составен од 48-волтна батерија од олово и јаглерод. Електричениот мотор овозможува погон на струја при мали брзини, а воедно и подобри перформанси и економично возење

Soul Ev

KIA Soul ev

Иднината пристигна во стил со новиот Kia Soul EV, нашиот прв целосно електричен автомобил кој ќе се продава низ целиот свет, со храбар изглед и кој може да се пофали уникатни димензии и атрактивен дизајн. Овој електричен автомобил има значително забрзување од 0 до 100 км/ч, а максималната брзина е 145 км/ч.

повеќе...

Optima Hybrid

kia mild optima hev

Kia Optima T Hybrid поседува бројни подобрувања и најнова технологија - да не ја спомнуваме нејзината импресивна моќ и скромна потрошувачка на гориво. Деталите, како што се изменетите браници и редизајнираната "Тигар маска" се во одличен склоп со новиот систем за регенеративно кочење и интерфејс за екран на допир, кој е специјално направен за хибриден систем. И тоа е само почеток...

повеќе...