Корпоративни Новости.

Први фотографии на новото Sorento|27.06.2014

  • Премиум изглед
  • Подолг, понизок и поширок со подолго меѓуосовинско растојание
  • Европска премиера е на 2. ноември на автосаемот во Париз

new KIA sorento front Kia ги откри првите фотографии од новиото Kia Sorento. Tретата генерација на овој популарен SUV има нов изглед кој може да се пофали со похрабар стил и модерни детали.

Новиото Sorento е подолго,пониско и пошироко од неговиот претходник и има поголемо меѓуоскино растојание.

Новиот изглед е еволуција на постоечкиот модел, кој вклучува свежи визуелни елементи, кои ја нашле својата инспирација во концептот на Kia Cross G и се карактеризира со издолжена моторна маска и еден сосема поинаков D столб.

Надворешноста на новото Sorento е создадена под покровителство на Kia дизајн студиото во Namyang(Јужна Кореја), но значителен придонес имаат и другите две дизајнерски студија во Франкфурт и Ирвин (Калифорнија).

new KIA sorento back Предната маска на ова Sorento е поголема, повеќе исправена како "тигар нос" со специфичен три-димензионален дијамант модел, во комбинација со долги фарови навлечени наназад.

Промена на димензиите не значи и промена на елегантноста (должина: 95 mm, 4780 mm Висина: -15 mm, 1685 mm) и 80 мм поголемо меѓуоскино растојание (сега ќе биде 2,780 мм).Овие димензии им овозможуваат повеќе простор на патниците во сите три реда на седишта . Овие промени, заедно со подолгото меѓуоскино растојание прават возењето да биде поудобно со што новото Sorento е совршениот SUV со кое би сакале да патувате.

Светската премиера на новиото Sorento беше во Август во Јужна Кореја, додека во Европа ќе биде на 2 Октомври на автомобилскиот саем во Париз.