Корпоративни Новости.

Новиот Kia Picanto  |15.03.2017

  • Моќниот и сосема нов "fastback" спортски седан ја редифинира Kia како бренд
  • Kia Motors истраја во ветувањето за сериски модел од ГТ концептот
  • Дизајниран во Франкфурт, развиен на Нирбургринг со Kia квалитет кој е водечки во индустријата.
KIA stinger

Март 15, 2017 На саемот во интернационалниот авто самлон во Женева, беше промовирано новото Kia Picanto. Модел на Kia кој треба да почне со продажба низ Европа во втората четвртина на 2017 година.

new KIA PicantoНовата, односно третата генерација на моделот внесува повеќе енергија и младешки изглед во А сегментот. Дизајнот на автомобилот е наметлив и со висок квалитет, а кабината е во тек со последните технолошки достигнувања. Со оглед на тоа што новата генерација на Kia Picanto ќе нуди голем број на прилагодувања, моделот ќе има широк спектар на купувачи.
Што се однесува до димензиите, новиот Picanto и понатаму е со должина од 3.595 mm, но затоа меѓуоскиното растојание е зголемено за цели 15 mm и сега изнесува 2.400 mm. Големи промени во новиот модел претрпе ентериерот, пред сè во квалитетот на материјалите и завршната обработка. Во зависност од пакетот на опрема, Picanto ќе има и нов информативен систем со екран осетлив на допир, автоматски клима уред, предни седишта со греачи, мултифункционален волан, AUX, USB и Bluetooth конекции...

new KIA Новитетот од Kia наменет за градските метежи ќе биде придвижуван од три бензински мотори, вклучувајќи го и 1.0 литарскиот агрегат помогнат од турбо со директно вбризгување (T-GDI). Со почетокот на продажбата на овој модел, Pikanto ќе го добие најмоќниот мотор до сега кој развива 100 коњски сили и максимален вртежен момент од 172 Nm. Останатите два се добро познатите 1.0 со 67 КС и 1.25 со 84 коњски сили и вртежен момент од 122 Nm. Сите три мотори одат во комбинација со пет степен мануелен менувач или пак автоматски со четири степени на пренос.