Корпоративни Новости.

Новото Rio презентирано во Македонија  |02.08.2017

KIA Rio

Јули 28, 2017 Во понудата на Киа моторс Македонија веќе се најдоа моделите од новото поколение на бестселерот Kia Rio. Македонскиот импортер со овој модел ја засилува својата понуда кон клиентите.

new KIA Rio


И покрај тоа што Rio се произведува во корејските погони, овој модел е целосно наменет за европските вкусови. Во понудата на агрегати, во ценовникот на Киа Моторс Македонија, се најдоа четири верзии и тоа три бензински и еден дизелски. Нивото на опрема се дели на две верзии, но затоа пак можноста за стилизирање е голема.


new KIA

На самиот почеток на продажбата моделот е ценовно позициониран помеѓу 12.000 и 14.000 евра, но добро е да се знае дека почетното ниво на опрема е исклучително богато како и фактот што секоја Kia доаѓа со целосна гаранција од 7 години.