Корпоративни Новости.

Kia Motors завршува со изградбата на првата производствена фабрика во Мексико   |26.11.2015

  • Фабриката во Пескериа, Нуево Леон најпрво треба да го помине шест месечниот период за тестирање на квалитетот, а потоа ќе се продолжи со масовното производство на седанот Forte (Cerato)
  • Фабриката на Kia Motors во Мексико ќе има годишен производствен капацитет од 300,000 возила

(СЕУЛ) Ноември 20, 2015 – Kia Motors го објави завршувањето на изградбата на првата производствена фабрика во Латинска Америка, што се наоѓа во областа Пескериа во државата Нуево Леон, Мексико.

Со почетната инвестиција од околу 3 милијарда американски долари, технолошки напредната фабрика на Kia беше изградена за само 13 месеци откако се поставија темелите минатиот октомври, што е најбрзата изградба на фабрика во историјата на Kia. Истовремено, Kia Motors во јули започна со полноправна продажба на мало во Мексико и отвори 46 салони низ земјата во последните пет месеци.

new KIA plant MexicoИнтензивната проверка на квалитетот и пробното производство ќе се изведат во следните шест месеци, а масовното производство на Forte (познат и како Cerato на некои пазари) е закажано да започне во средината на 2016. Годишниот производствен капацитет од 300,000 возила на фабриката претставува околу 10% од вкупното глобално производство на Kia Motors.

Лоцирана на земјиште од околу 500 хектари, фабриката се состои од четири главни хали: хала за производство, хала за заварување, хала за боја и хала за склопување. За време на 13-месечната изградба беа искористени околу 27,000 тони челик, а девет локални мексикански компании работеа заедно за да ја изградат структурата на четирите главни хали и рамките за околните згради.

Лоцирана на земјиште од околу 500 хектари, фабриката се состои од четири главни хали: хала за производство, хала за заварување, хала за боја и хала за склопување. За време на 13-месечната изградба беа искористени околу 27,000 тони челик, а девет локални мексикански компании работеа заедно за да ја изградат структурата на четирите главни хали и рамките за околните згради.

„Многу сме горди на ова достигнување, не само затоа што создадовме една од најголемите фабрики на Kia во светот, туку и затоа што тоа го направивме за рекорден временски период“, изјави Сеонг-Бае Ким, претседател на Kia Motors во Мексико. „Благодарение на високо технолошките производствени процеси и напредните технологии со кои е опремена фабриката, очекуваме таа да биде една од најеколошките фабрики за производство на автомобили во регионот“, додаде тој.

Фабриката на Kia во Мексико се придружува на останатите 10 фабрики во Кореја, Кина, Словачка, Русија и Сад, каде се произведуваат останатите автомобили на Kia. 60% од производството на фабриката ќе се извезува во Северна Америка, 20% ќе бидат наменети за домашниот мексикански пазар, а останатите 20% ќе се извезуваат во соседните земји во Латинска Америка.

Kia Motors заедно со останатите инвеститори вработија околу 4,000 мексикански работници, а на долгорочен план присуството на Kia во Мексико се очекува да создаде околу 14,000 директни и 56,000 индиректни работни места.

new KIA plant MexicoПри дизајнирањето на фабриката архитектите се инспирираа од традиционалната мексиканска култура и затоа главниот влез има впечатливи сличности со археолошкото пронаоѓалиште во Теотихуакан, додека пирамидите на Сонцето и Месечината служат како централни точки во драматичниот изглед. Истовремено на покривот се поставени основни сребрено сиви и бели панели за да се намали акумулирањето топлина, што е типично за климата во овој регион.

Производствениот комплекс е опремен со софистицирана опрема како пресата од 75 милиони американски долари, што може да измери до 18 метри и 3,682 тони. Оваа преса е една од најголемите во која било фабрика на Kia.

Во согласност со мисијата на Kia Motors за развивање еколошки производствени технологии за минимизирање на негативното влијание на животната средина во сите региони каде што произведува возила, фабриката на Kia во Мексико користи напреден систем за надгледување што овозможува континуирано подобрување во потрошувачката и заштитата на животната средина. Исто така, фабриката има интегриран систем за вода што ќе спречи загадување на почвата и реката Пескериа што се наоѓа во близина. Фабриката користи и LED технологија за осветлување, што заштедува струја, а во иднина се очекува да се воведат дополнителни проекти за промовирање на користењето алтернативни извори на енергија како соларната.

Господинот Ким додаде: „Откако ќе започне масовното производство, потребно ќе биде помалку од една минута за возилото да излезе од производствената лента, што ја прави оваа фабрика една од најпродуктивните фабрики на Kia во светот.“

“Денеска повеќе од кога било се чувствуваме како дел од оваа прекрасна земја и сакаме да ја споделиме таа гордост со сите граѓани на Мексико” порача тој.