Корпоративни Новости.

Претставен е новиот концепт на KIA Niro на сaлонот за автомобили во Франкфурт|29.09.2013

  • Од Kia потврдија дека новиот Европски концепт , кој го претставија на 10 Септември на саемот за автомобили во Франкфурт, ќе се вика Kia Niro.

Niro го претставува погледот на KIA на иднината на Б сегментот и може да се пофали со урбан изглед и цврстина но и носи нов иновативен мотор. Возилото е дизајнирано во студиото за дизајн на KIA во Франкфурт на помалку од километар далечина од саемот под водство на французинот Gregory Guillaume, главен дизајнер за Европа (Chief Designer Europe).

Прифаќајки го секој предизвик на современите возачи. Niro претставува комбинација на робусен карактер, но сеуште со елегантен облик и мешавина на материјали (одредени хромирани делови) а сето тоа во компактни димензии.

Роден од одлучноста на KIA на барање на новикомпактни возила за софистицирани возачи на кои големината им е навистина битна. Niro ги претставува занимливите елементи кои обично ги поврзуваме со помалите сегменти. Направен е во Европа како би ги задоволил и најпребирливите Европски вкусови.

Откривањето на Niro на сaлонот за автомобили во Франкфурт ќе се искористи за „опипување на пулсот' на потенцијалните купувачи што ќе се искористи за развојот на следните сериски модели