Корпоративни Новости.

Рафаел Надал и Киа Моторс ја продолжуваат успешната соработка за уште 5 години  |28.05.2015

Rafael Nadal

Киа Моторс денес објави дека тениската супер ѕвезда Рафаел (Рафа) Надал прифатил да ја продолжи својата улога како глобален амбасадор на корејскиот производител на автомобили за уште 5 години.

Шпанската тениска сензација и поранешен бр.1 играч во светот со освоени 14 гренд слем турнири во својата кариера е глобален амбасадор за Киа од 2006 година. Надал е еден од најпознатите спортисти во светот.

Со новата соработка, што беше објавена денеска на церемонија во Мадрид, Шпанија, Рафа ќе продолжи да ги промовира модерните, високо квалитетни автомобили на Киа и младешките и динамични вредности на брендот низ целиот свет. Надал, 28, ќе продолжи да се појавува во глобалните телевизиски и печатени рекламни кампањи на Киа, како и на социјалните медиуми, и ќе придонесе во промоцијата на Киа со учество во меѓународни настани, вклучувајќи ги австралискиот тениски турнир (Australian Open), спонзориран од Киа, и главните меѓународни изложби на автомобили.

Во последните 9 години од успешната соработка меѓу Надал и Киа тениската ѕвезда учествуваше во бројни активности низ целиот свет, како снимањето на серија возбудливи видеа со автомобилите на производителот и продажбата на сопствената Киа pro_cee'd за хуманитарни цели.

Рафаел Надал изјави: „Киа Моторс стана врвен бренд за автомобили и низ годините воведе бројни новости и подобрувања. Беше многу забавно да се работи со тимот во последните 9 години. Мило ми е што го продолживме нашето партнерство и едвај чекам да видам што ни носи иднината.“

Томас Ох, извршен потпретседател и главен оперативен директор во Киа Моторс додаде: „Рафа е совршен партнер за Киа, ни помогна да го издигнеме брендот во светски рамки. Тој внесува енергија и динамичност во сè што прави - карактеристики што се обидуваме да ги вклучиме во секој модел на Киа. Навистина сме возбудени што ќе ја продолжиме нашата соработка за уште најмалку пет години.“

Надал ја шокираше тениската јавност во 2001 година кога дебитираше на возраст од само 15 години. Има освоено 10 професионални АТР титули пред својот дваесетти роденден, што не му успеало никому во ерата на отворените првенства, и има забележано над 720 победи. Неговиот последен гренд слем трофеј е Роланд гарос 2014, со што се искачува на второто место во историјата на освојувачи на гренд слем титули во машка категорија.

Киа соработува со Надал во Шпанија од 2004 година. Тој е заштитно лице на Киа и се појавува во рекламните и печатените кампањи, како и во социјалните медиуми и помага за промоцијата на Киа на шпанскиот пазар.