Корпоративни Новости.

KIA во Европа со наjдобра месечна и квартална продажба |05.05.2014

  • Во првите три месеца во 2014 во Европа продадени се скоро 90.000 Kia возила
  • Март e апсолутен рекордер со продадени 40.479 возила (+10%)
  • Повеќе од 55% Kia регистрирани возила во Европа се и произведени во Европа
  • Sportage и Cee’d се бестселери на Kia

Франкфурт, 7 април 2014 - Kia во Март оваа година во Европа постави апсолутен рекорд во продажба на автомобили и постави рекорд за целиот квартал – тврди компанијата според најновите информации за продажба

Корејскиот гигант во 30 Европски земји во март вкупно продаде 40.479 возила што е за 10% повеќе од март 2013 . Исто така продадени се 89.450 автомобили во првите три месеца од 2014., што е 7,4 позитивен раст во однос на истиот период од минатата година.

Најголејмите пазари во Европа за Kia моментално се британскиот (21.631 возила , +13%), германскиот (11.602), италијанскот (8.306, +15%), францускиот (7.591 ) и шпанскиот (5.707, + 53%).Притоа потребно е да се нагласи дека повеќе од 55% Kia возила продадени во Европа се и воедно произведени во Европа (49.701 возило). “Овие одличнини месеци потврдуваат дека Kia не само што го одржува својот раст во Еропа туку и ја зголемува продажбата и се повеќе луѓе ги разбираат предностите на Kia возилата,”рече за објавените податоци Michael Cole, извршниот директор за Kia Motors Европа и додаде : “Kia од 2008 постигнува раст на продажбата во Европа и го зголеми својот дел на пазарот од 1,7% на 2,7% во 2013. Тој успех се должи на инзвонредната гама на модели со висок квалитет и со единствената 7-годишна гаранција како и високиот степен на грижа на нашите дилери кон нашите клиенти ”.

Моментално најпродавани модели на Kia за 2014 во Европа се Sportage (24.144 автомобили), фамилијата Cee’d (18.876), Rio (15.383), Picanto (14.006), Venga (6.681) и Carens (5.907).