Корпоративни Новости.

Европската фабрика на KIA во Словачка бележи раст на производството|14.08.2013

  • Во фабриката во Жилина за шест месеци се произведени 158.900 возила
  • Производството е зголемено за 6% во однос на истиот период минатата година

KIA Motors бележи раст на производството од 6% во првата половина од 2013 со произведени 158.900 возила во својата европска фабрика во Словачка - Жилина. Компанијата почна со производство на сосема новиот модел на Kia pro_cee’d во февруари оваа година, пропратен со моделот со високи перформанси Kia pro_cee’d GT и Kia cee’d GT во мај оваа година. Фабриката сега работи под полн призводствен капацитет за прв пат од отварањето. KIA Motors исто така произведе повеќе од 253.200 бензински и дизел агрегати за првите шест месеци од 2013 година, бележи 6.7% на зголелемување за разлика од истиот период минатата година.

„Ние сме задоволни наспроти ситуацијата на пазарот во автоиндустријата, Европските купувачи сеуште ја ценат понудата на KIA која ги комбинира врвниот квалитет, атрактивниот дизајн и одличната вредност за потрошените пари“ кажа Eek-Hee Lee, председателот и CEO на Kia Motors Slovakia. 

„Само благодарејќи на довербата во KIA на потрошувачите бевме во можност да постигнеме зголемување на производството од 6% со скоро 160.000 автомобили произведени во првата половина на оваа година. Веруваме дека новите модели што ке се појават оваа година ќе допринесат за понатамошно работење со полн капацитет.“

Европската фабрика на KIA Motors во Словачка - Жилина ја произведува втората генерација на KIA Cee'd и KIA Sportage SUV(sport utiliti vehicle) i KIA Venga од Б сегментот. KIA Sportage завзема скоро 48% од вкупното производство во наведениот период, KIA Cee'd повеќе од 42%, додека KIA Venga завзема 10% од вкупното производство. Најмногу возила се извезени во Русија 24%, Обединетото Кралство 14%, Германија 9%, Франција 5% и Италија 5%.

KIA исто така произведе 133.100 бензински мотори (53% од целото производство на мотори). Нај популарна изведба е 1.6 литарскиот GDI мотор и преку 120.100 дизел мотори (47% од целото производство на мотори). Најпопуларната изведба е 1.7 литарскиот CRDI мотор. Од целокупното производство на мотори 47% беше дистрибуирано за сестринската компанија„ Hyundai Motors“ чија фабрика е оддалечена 60km и се наоѓа во Чешка.