Корпоративни Новости.

KIA го покажа новиот Quoris  |21.03.2018

  • Во Јужна Кореја беше покажана новата генерација на KIA K9. Во другите земји ширум светот, предводникот на KIA Motors се лансира под името KIA K900 и KIA Quoris
KIA Rio

21 Март 2018 Светската премиера на луксузниот автомобил ќе се одржи на крајот од март на Салонот за автомобили во Њујорк. Карактеристика на седанот е помасивна решетка, направена во стил на корпоративниот концепт „носот на тигарот”, која се состои од 176 поединечни елементи. Сега Quoris го красат новодизајнирани задни светла, а издувните цевки добија хромирани рабови. Според прелиминарните податоци, автомобилот е изграден на Genesis G90 платформата, но не постои формална потврда за оваа информација.

new KIA RioВо ентериерот има комплетно нова дигитална инструмент-табла, како и голем екран од 12,3 инчи на допир за мултимедијалниот систем. За внатрешноста се користат кожа, дрво и метал. Предводникот е исто така опремен со „паметен” LED систем за осветлување со 64 нијанси кои реагираат на гестови. KIA Quoris ќе биде достапен со сегашниот 5.0-литарски V8 мотор, како и 3.8 V6. Покрај тоа, ќе биде вградуван и 3.3-литарски V6 со две турбини, што е преземан од спортскиот Stinger. Можностите на моторот сè уште не се објавени, само се знае дека сите тие се комбинираат со 8-степен автоматски менувач.


new KIA Новиот KIA Quoris ќе биде достапен со заден и 4×4 погон.