Корпоративни Новости.

KIA го шокира Детроит со новиот концепт GT 4 Stinger со погон на задните тркала|15.01.2014

  • Силниот спортски автомобил фокусиран на конекцијата помеѓу возачот и автомобилот беше претставен на Северно американскиот интернационален Автомобилски саем 2014
  • 2+2 конфигурација за седење, 315 КС турбо агрегат и шест степен мануелен менувач го прават GT4 Stinger вистинска машина за ентузијасти
  • GT4 Stinger беше осмислен од "gearheads" (авто заљубеници) во дизајн студиото на KIA во Irvine, Calif., родното место на концептите како Track’ster и Cross GT

KIA го претстави на слонот во Детроит концепт возилото GT4 Stinger.

Под нискиот и остар капак од моторот се наоѓа спортскиот 2.0 турбо бензински агрегат на KIA со директно вбризгување на горивото (T-GDI)и импресивни 315 КС.

Силата се пренесува преку 6 степен рачен менувач на задните тркала кои ги задвижуваат Pirelli P-Zero гуми со димензии 275/35 R20 (напред 235/35 R20). На уникатните 20 инчни алумински бандаши поради поголема цврстина и смалена тежина додадени се карбонски влакна.Тука се уште и Brembo Gran Tourismo сопирачките со перфорирани дискови и 4 шепи за кочење.

 Светло жолтата боја на каросеријата поставена е на нова шасија со независно потпирање со две триаголни водилки.

Со оглед на поларните температури, кои го зафатија Детроут се надеваме дека концептот на киа ги загреа срцата на посетителите на најголемиот салон за автомобили на светот.