Корпоративни Новости.

Троен триумф за Kia на Good Design  |22.12.2017

  • Три нови модели на Kia се наградени со признанија од GOOD DESIGN во категоријата „транспорт" - субкомпактниот хечбек Rio, спортскиот седан Stinger и хибридниот кросовер Niro
KIA Rio

22 Декември 2017 Осум години по ред Kia освојува признанија на конкурсот GOOD DESIGN. Претходните почести беа доделени за студијата Tellure, GT4 Stinger Concept, 100% електричниот автомобил Soul и луксузната лимузина Cadenza.

new KIA Rio


Нашите меѓународни дизајнерски тимови работеа неуморно и сплотено за да ги претстават овие убави стилски модели на автомобилскиот пазар, привлекувајки илјадници нови корисници во светот, зацврстувајки ја високата позиција на Кia како модерен автопроизводител. Наградите од GOOD DESIGN се повторно признание за нивната одлична работа, истакна Сон Хо Јоун, раководителот на еден од дизајнерските центри на Кia Motors. – Rio, Stinger и Niro се развиени од екипите во трите глобални дизајнерски студија на компанијата – Намјанг во Кореја, Ирвин во Калифорнија и Франкфурт во Германија.


new KIA

Основан во 1950 година GOOD DESIGN е еден од најстарите и влијателни конкурси за дизајн во светот, кои доделува награди на кориснички производи со иновативен и современ дизајн од Европа, Азија, Африка и Америка. Во 2017 година беа разгледани апликации од 49 земји ширум светот. Независното жири од професионалци за дизајн, медиуми и експерти од различни индустриски области ги оценуваат кандидатурите за иновации во дизајнот, воведувањето на нови технологии, употребата на нови форми, материјали и конструкции, ефикасност и влијание врз животната средина. Трите модели на Kia добија позитивни оценки во секој од критериумите.

new KIA Rio


Доделувањето на GOOD DESIGN се одржува во Chicago Athenaeum Museum of Architecture and Design, во соработка со Европскиот центар за Архитектура, Уметност, Дизајн и Градски науки.