Корпоративни Новости.

Kia ќе ги претстави целосно новите Sportage и Optimaна меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт 2015  |17.09.2015

  • Светска премиера на целосно новиот Kia Sportage
  • Европско деби за целосно новата Kia Optima.
  • Претставување на надградениот Kia cee’d, вклучувајќи го и новиот, спортски GT Line модел
  • Во делот за технологија ќе биде претставен новиот 1.0-литарски T-GDI мотор на Kia со седумбрзински менувач со двојна спојка

(СЕУЛ) Септември 15, 2015 – Kia Motors денеска ги претстави целосно новиот Kia Sportage и целосно новата Kia Optima со европски спецификации на 66. меѓународен саем за автомобили во Франкфурт

Целосно новиот Kia Sportage го има своето светско деби на саемот во Франкфурт, додека целосно новата Optima, претставена претходно оваа година, се прикажува првпат со европските производствени спецификации

Заедно со двата новитети, Kia исто така ќе го претстави надградениот Kia cee’d и своите најнови технологии - целосно нов 1.0-литарски T-GDI (турбо бензинец со директно вбризгување) и најновиот седумбрзински менувач со двојна спојка.

Светска премиера за новата генерација Kia Sportage

Kia Motors го открива целосно новиот Kia Sportage, кој ја има својата светска премиера на овогодишниот саем за автомобили. Почнувајќи со производството на четвртата генерација, новиот компактен Kia Sportage SUV им нуди иновативен и софистициран пакет на купувачите од најкомпетитивниот сегмент на пазарот.

Целосно новиот Sportage се надоврзува на успехот на неговиот претходник со атрактивен целосно нов дизајн на надворешноста, многубројни нови напредни технологии и подобар квалитет.

Новата внатрешност е направена од високо квалитетни материјали со нов модерен дизајн, како и подобрена практичност во комбинација со многубројните технологии за зголемен комфор, удобност, поврзаност и безбедност. Големиот избор на надградени мотори и менувачи ќе придонесе за зголемени ефикасност, перформанси и управување.

За првпат новата GT Line спецификација е достапна за купувачите на Sportage. Дизајнирана и создадена да ги привлече оние што сакаат поспортско возачко доживување од својот Sportage, новата GT Line спецификација ја задржува целосната сестраност на стандардниот Sportage, а истовремено придонесува за попривлечен и подинамичен изглед.

Целосно новиот Kia Sportage останува најпродаваниот модел на Kia во Европа, заслужен за повеќе од четвртина од европските продажби. Новиот модел ќе биде пуштен во продажба низ Европа во првиот квартал во 2016.

Целосно нова Optima со европски спецификации

Прикажана за првпат во Европа на саемот за автомобили во Франкфурт, целосно новата Kia Optima игра многу важна улога во европската производствена линија на Kia Motors и ќе се обиде да ѝ донесе на компанијата бројни, нови купувачи.

Откако третата генерација на моделот беше пуштена во 2010, со својот впечатлив изглед, високо квалитетна внатрешност и високо технолошки функции, Optima им понуди на купувачите нешто ново и поразлично од D - сегментот. Целосно новата Optima се надоградува на веќе постоечкиот светски успех на претходниот модел, со нова, модерна надворешност, храбар дизајн на внатрешноста со повеќе простор за сите патници, широка палета нови технологии и голем избор на различни и ефикасни мотори.

Optima го задржа спортскиот изглед што помогна да стане еден од најпродаваните модели на Kia во светски рамки, а нашите инженерски тимови го збогатија новиот автомобил со поголема префинетост и подобро управување.

Целосно новата Kia Optima ќе биде пуштена во продажба низ Европа во четвртиот квартал од 2015, а во иднина се очекува зголемување на опсегот со првата GT верзија со високи перформанси и нови каросерии инспирирани од концептот Kia SPORTSPACE, претставен за првпат на меѓународниот саем за автомобили во Женева 2015.

Еден милион продадени во Европа: надградениот Kia cee’d на изложба

Kia Motors Европа изведе сеопфатна надградба на популарниот Kia cee’d, модел што е најзаслужен за континуираниот успех на компанијата во Европа во последниве неколку години. Со подинамични перформанси и карактеристичниот стил на Kia, надградениот cee’d им нуди на купувачите автомобил што ќе ги задоволи постоечките стандарди за квалитет и дизајн наметнати од европските купувачи.

Европските дизајнери на Kia му дадоа на дизајнот на надворешноста и внатрешноста на моменталниот cee’d нов и возбудлив изглед, а нашите механичари создадоа поголем избор на мотори и менувачи. Во подобрувањата се вклучени и новиот 1.0-литарски T-GDI мотор на Kia со три цилиндри, како и многубројните нови безбедносни и комфорни надградби. Промените се направени на сите модели на cee’d, вклучувајќи ги и cee’d hatchback со 5 врати, Sportswagon и pro_cee’d со три врати.

Промените што се направени на cee’d вклучуваат и многубројни визуелни и динамични подобрувања на првокласните модели cee’d GT и pro_cee’d GT. Иако веќе се наоѓаат меѓу автомобилите што најдобро изгледаат во категоријата C- hot hatch, овие промени уште повеќе ќе ги привлечат купувачите да ги изберат GT моделите.

Надградениот модел доаѓа со нова GT Line спецификација, со што им ги нуди на купувачите спортскиот изглед и динамиката на GT моделите и сестраноста на конвенционалните модели од семејството cee’d. GT Line спецификацијата е достапна за сите три типови cee’d: cee’d со 5 врати, cee’d Sportswagon и pro_cee’d со 3 врати.

Овие надградби на Kia cee’d доаѓаат откако Kia постигна неверојатно достигнување, невидено во историјата на моделот. Од почетокот на производството во 2006, во мај 2015 се обележа пуштањето во продажба на милионитиот Kia cee’d, произведен од Kia Motors во Европа. Овој модел има значајна улога во постојаниот раст и успех на Kia од неговото воведување пред 9 години.

Надградениот Kia cee’d и новата GT Line спецификација се достапни во продажба низ Европа.

Изложба на технологиите: целосен нов 1.0-литарски T-GDI мотор со седумбрзински DCT

Изложбата на технологијата на Kia на саемот за автомобили во Франкфурт 2015 се фокусира на најновите високо ефикасни мотори, развиени во R&D центарот на компанијата Namyang во Кореја.

Целосно новиот 1.0-литарски T-GDI мотор на Kia со три цилиндри е создаден за да ја подобри потрошувачката на гориво и да ги намали емисиите, а истовремено да понуди моќни перформанси и навремени реакции според инструкциите на возачот. Овој мотор е прв од новиот опсег мотори на Kia што ќе го има своето деби во Европа, а се појавува за првпат во надградениот Kia cee’d опсег. Со новиот систем за директно вбризгување со висок притисок, напредното ладење на моторот и ефикасно турбо полнење, новиот 1.0-литарски T-GDI овозможува брзо и навремено забрзување и високо ефикасно согорување на горивото.

Целосно новиот 1.0-литарски T-GDI мотор е во согласност со еколошката стратегија на Kia и во иднина ќе биде поставен и на други возила од европската производствена линија.

Надградениот cee’d ќе биде опремен со втората целосно нова технологија на Kia што го има своето деби, односно целосно новиот седумбрзински DCT, достапен на cee’d моделите опремени со новиот 1.6-литарскиот CRDi дизел мотор.

Новиот менувач на Kia полесно се справува со повисокиот вртежен момент – до 300 Nm кај надградениот Kia cee’d – и овозможува подобар баланс меѓу перформансите и подобрата потрошувачка на гориво. Возењето во рачниот режим се карактеризира со поголемо спортско доживување, додека возењето во автоматскиот режим нуди поголема леснотија и комфор. Новиот седумбрзински DCT во иднина ќе биде достапен на повеќе модели, вклучувајќи ги целосно новите Sportage и Optima.