Корпоративни Новости.

KIA Motors го претстави Soul EV и следната генерација на хибриден погон на автосаемот во Женева|04.03.2014

  • Европското деби за новиот Soul EV и концептот GT4 Stinger.
  • Новата технологија на хибриден погон и седум степенскиот менувач со трансмисија со двојно квачило.
  • Претставени исто така и Sportage со нови козметички промени и надградената Optima
  • Сосема нов KIA електричен велосипед, кој ветува до 40 километри автономија.

Новиот Kia Soul EV беше претставен на 84-тиот Женевски саем за автомобили.Овој дебитант беше придружен на штандот од надградените Kia Sportage и Kia Optima хибрид за Европскиот пазар како и GT4 Stinger кој своето деби го доживеа на саемот за автомобили во Детроит. Новина од KIA е исто така и новиот електричен велосипед.

Зачувувајќи го веќе иконскиот дизајн на неодамна лансираната втора генерација на Kia Soul, новиот Kia Soul EV ќе биде првиот електричен модел на KIA кој глобално ќе се продава во 2014 година.

Soul EV е електрично возило со погон на предни тркала со Литиумси батерии од висок капацитет и 27KW. Силата доаѓа од 81.4KW електричен моторкој произведува 285 Nm.вртежен момент

 Купувачите на Soul EV ќе имаат бенифит од докажаните возни карактеристики, а посебно ќе им се допадне на оние кои генерално возат во град, благодарејќи на автономијата од 200 километри со едно полнење и материјалите кои ја редуцираат бучноста во кабината. За да се постигне максимална ефикасност и автономија на Soul EV, возилото брои многу технологии за заштеда на енергија, како и за заштеда на оптоварувањето на батериите и зголемување на автономијата. Тоа вклучува ново подобрено греење, ладење и систем за вентилација само за возачот и систем за греење на батериите.

Soul EV исто така ќе биде еден од најекономичните EV(електрични возила) на пазарот како резултат на минималното завземање на простор од кабината на батериите.Како и секој модел на KIA продаван во Европа Soul EV ќе им гарантира на сопствениците спокој благодарејќи на 7 годишната (150.000km)гаранција на KIA.