Корпоративни Новости.

KIA лидер во квалитет  |10.08.2016

  • Киа Моторс, голем победник во квалитет според истражувањата на J.D. Power
  • Киа подобра и од Порше, минатогодишниот победник
  • Киа е првиот нелуксузен производител кој има освоено прво место по IQS (во последните 27 години)
  • Сопствениците на КИА во САД, во првите 90 дена на користење на возилото имале најмалку проблеми со возилото.

Откако КИА се позиционираше како водечки производител во развојот на дизајн, квалитет и технологија, денес го постигна новиот историски успех. Реномираната институција J.D.Power ја прогласи КИА како убедлив победник во истражувањата на IQS (Initial Quality Study) 2016, во кое зад себе ги остави 33 автомобилски производители во САД. Прв пат по 27 години на врвот се наоѓа нелуксузна марка на автомобили со масовно производство. Најголема заслуга за ова признание припаѓа на моделите Sportage и Soul, кои се најдоа на првите места во своите сегменти, додека Rio, Forte и Sorento беа меѓу првите три во своите категории.

new KIA” Да се биде број еден во квалитет во целата автомобилска индустрија е долгогодишното залагање на Киа, за квалитетна изработка и постојаното подобрување во тоа. Нашето залагање се одрази на мислењето кај нашите купувачи, кои пак се наша најголема потврда за квалитет” Изјави Michael Sprague, главен оперативен директор и извешен потпретседател на Kia Motors America.

Повеќе...