Корпоративни Новости.

Триото на Kia наградено со GOOD DESIGN награди за 2015 година  |25.12.2015

  • Kia Sorento, Optima и концептот Trail’ster беа наградени во категоријата превоз.
  • Втора година по ред Kia освојува три GOOD DESIGN награди.
  • Автомобилите беа оценувани според дизајнот, технологијата, формата, материјалите, функцијата, ефикасноста и еколошките карактеристики.

(СЕУЛ) Декември 23, 2015 – Kia Motors ја доби престижната GOOD DESIGN награда за 2015, во категоријата превоз, за три од своите најнови модели: целосно новиот Sorento CUV 2016, целосно новата Optima 2016 (sedan со средна големина) и новиот концепт за автомобили Trail’ster. Оваа е втора година по ред како автомобилите на Kia ги освојуваат GOOD DESIGN наградите. Минатата година наградите ги освоија Kia K900 (познат како ‘Quoris’ во некои земји), Soul EV и концептот GT4 Stinger.

Избрани од жирито на GOOD DESIGN, составено од професионалци за дизајн, индустриски специјалци и медиуми за дизајн, трите модели на Kia беа оценувани според различни критериуми, вклучувајќи ги: иновативниот дизајн, новите технологии, формата, материјалите, изградбата, концептот, функционалноста, намената, енергетската ефикасност и еколошките карактеристики.

new KIA plant MexicoЈонг-Вон (Брајан) Чо, потпретседател на меѓународниот маркетинг за корпорацијата Kia Motors, коментираше: „Тоа што шест од нашите најнови модели и концепти за автомобили добиваат признание од GOOD DESIGN во последните две години е вистински доказ за неверојатниот напредок што нашите дизајнерски тимови го направија во создавањето на едни од најпосакуваните дизајни на денешницата. Целосно новите Sorento и Optima имаат префинет и еволуциски стил што само го надополнува успехот на нивните претходни модели, додека концептот Trail’ster ја доловува замислата за стилски и целосно модерен CUV наменет за авантуристи”.

Меѓународниот дизајнерски тим на Kia, предводен од Питер Шрејер од 2006, има добиено огромен број признанија за својата неверојатна и иновативна работа и за придонесот за глобалниот раст на Kia во последните години.

new KIA plant MexicoОва е 65-то издание на GOOD DESIGN, што го прави најстарото и најпрестижно натпреварување во светски рамки. Основани во 1950 и организирани од Chicago Athenaeum, GOOD DESIGN наградите се наменети за најиновативните и најнапредните индустриски, производствени и графички дизајни низ целиот свет. Дизајнерите и производителите од преку 50 нации секоја година се почестени со оваа награда, а меѓу минатите добитници на GOOD DESIGN наградата се вбројуваат дизајни за спојувалки, па сè до дизајни за авиони Boeing 787 и NASA вселенски летала.