Корпоративни Новости.

Објавени се номинациите на YouTube Music Awards претставени од KIA|24.10.2013

  • Avicii, M.I.A, Earl Sweatshirt и Tyler the Creator се додадоа на претходно најавените изведби на Eminem, Lady Gaga и Arcade Fire.

YouTube во партнерство со Kia Motors Corporation ги објави номинациите на првите YouTube Music Awards глобален настан кој ќе кулминира со настапи во живо од Њујорк во недела на 3 ноември. Шест категории вклучувајќи Видео, Артист и YouTube феномен на годината се отворени за гласање на фановите низ целиот свет.

Листата на врвни изведувачи на YouTube Music Awards продолжува да расте. Се најавија за изведба во живо на доделувањето и изведувачите Avicii, M.I.A., Earl Sweatshirt, и Tyler the Creator кои се додадоа на претходно најавените Eminem, Lady Gaga, и Arcade Fire со YouTube сензацијата Lindsey Stirling и CDZA . Актерот и музичар Jason Schwartzman пропратен со комичарот и музичар Reggie Watts ќе бидат водители на настанот во живо презентиран во партнерство со Kia Motors Corporation. Визионерот за музички видеа Spike Jonze е креативен директор,во соработка со ексклузивните продукции VICE Media and Sunset Lane Entertainment..

Номинациите за YouTube Music Awards се избрани од податоците на YouTube низ последните 12 месеци за најмногу прегледувања, лајкувања, споделувања, коментари и зачленувања на видеа и групи.

Шесте категории за овогодишните YouTube Music Awards номинации се:

  • Видео на годината
  • Изведувач на годината
  • Одговор на годината
  • YouTube феномен
  • YouTube пробив
  • Иновација