Корпоративни Новости.

Kia го освои првото место во извештајот за квалитет на магазинот Auto Bild 2015   |10.12.2015

  • - Kia се најде на првото место меѓу 20 водечки производители на автомобили на германскиот пазар. Рангирањето е спроведено според задоволство кај потрошувачите, сигурност и долготраен квалитет.

(СЕУЛ) Декември 11,2015 – Kia Motors го зазема првото место во извештајот за квалитет за 2015, објавен од магазинот Auto Bild (примерок 50/2015), што ги рангира 20-те водечки производители на автомобили на германскиот пазар според задоволство кај потрошувачите, сигурност и долгорочен квалитет. Kia го дели првото место со Mazda, со вкупна оцена од 2.14 (на скала од 1 до 5).

Годишниот извештај за квалитет на Auto Bild, што за прв пат е објавен во 2001, ја пресметува вкупната оцена за секој производител врз основа на седум податоци: резултатите од анкетата на Forsa за задоволство кај потрошувачите (8,187 испитаници), нарачана од Auto Bild, бројот на пријавени дефекти и поправки, последниот TÜV извештај (речиси 9 милиони технички инспекции), гаранциите на производителот и три категории дадени од самите уредници на Auto Bild, односно долгорочни резултати од тестовите на возилата, резултати од тестирањата за сигурност и анализа на критиките од повеќе од 10,000 писма на читатели, што се дел од „Kummerkasten” (колумна на агонијата на магазинот).

“Нашите аспирации за квалитет почнуваат од нашите R&D центри, студија за дизајни и производствени фабрики – повеќе од половина од новите автомобили на Kia продадени во Германија излегуваат од производствената линија во нашата технолошки напредна фабрика во Словачка- до продажбата и сервисните зони каде имаме голем напредок со реструктурирање на нашата мрежа на застапници и исполнување на нашето ветување за континуирано подобрување на квалитетот“, изјави Штефен Кост, извршен директор за Kia Motors Германија.

Благодарение на 7-годишната гаранција за Европа, што е водечка во индустријата, Kia беше единствениот производител на автомобили што доби оцена 1 за својата гаранција. Брендот исто така многу добро котираше во анкетата на потрошувачите, бројот на пријавени дефекти (ниеден за 2015) и поплаките во “Kummerkasten”, а доби и одлични оцени за сите долгорочни тестирања на нашите возила (најмалку 100,000км).

Извештај за квалитет на Auto Bild 2015 – сите производители, позиции и оцени

1. Kia (2.14)

11. Opel (3.0)

2. Mazda (2.14)

12. Renault (3.0)

3. Honda (2.43)

13. Seat (3.0)

3. Hyundai (2.43)

14. Audi (3.14)

4. Toyota (2.43)

15. Skoda (3.14)

6. Volvo (2.57)

16. Citroën (3.17)

7. BMW (2.71)

17. Peugeot (3.17)

8. Dacia (2.71)

18. Ford (3.29)

9. Nissan (2.83)

19. VW (3.29)

10. Mercedes (2.86)

20. Fiat (3.33)