Корпоративни Новости.

‘iF Design Award’ - за третата генерација на Kia Sorento  |04.02.2015

Франкфурт, 3 февруари 2015 год. – Kia Motors продолжува да освојува награди за исклучителниот дизајн. Сега Kia Sorento, предводник на SUV сегментот на брендот, ја доби престижната ‘iF Design Award’ за прв пат.

Жирито на глобално признаената награда за дизајн ја одбра третата генерација на Sorento за победник во категоријата на "најдобар производ". Покрај наградата за врвниот квалитет, жирито наградата ја додели и за степенот на иновација, влијанието врз животната средина како и за високата безбедност.

"Јас сум многу горд на оваа награда за Kia Sorento бидејќи тоа е признание за големиот напредок во квалитетот што успеавме да го постигниме со овој модел", изјави Peter Schreyer, претседател и главен дизајнер на Kia Motors.

Повеќенаменски простор, Hi-Tech карактеристики и новиот all-wheel-drive system се само дел од особините на овој фантастичен модел.

Новиот Kia Sorento е стилски и практичен SUV со исклучителна разновидност и практичност. Стилскиот заден профил и длабоко извајаните површини му дадоа на Kia Sorento елегантен изглед. Просторната внатрешност ги следи хоризонтални линии на целокупниот концепт и дава луксузен изглед и чувство.

Официјалната церемонија за доделувањето на наградата ‘’2015 iF Design Awards’’ ќе се одржи на 27 февруари 2015 година во Минхен, во текот на Munich Creative Business Week.