Корпоративни Новости

KIA освои четри 'Red Dot' награди за дизајн
| 13.03.2013

Дизајнерскиот тим на KIA освои четри престижни ‘red dot’ награди за дизајн, вклучувајќи ја наградата „Најдобар од најдобрите“ (Best of the Best) за новиот Kia pro_cee’d во категоријата дизајн на производ. Моделот Kia cee’d во 5-вратната изведба, cee’d Sportswagon и новиот Carens освоиа победнички награди ‘Winner’.  

Ова е друга дизајнерска награда за новиот Kia pro_cee`d кој веќе во октомври 2012 година освои IF награда за дизајн. Kia pro_cee`d на пазарот пристига мај оваа година. Со овие четри награди во 2013 година Kia вкупно собра дури 10 ‘red dot’ награди за дизајн од 2009 година. Освен наведениве, горди лауреати беа моделите на Kia Soul, Venga, Sportage i Optima. Kia Optima исто така освои награда за „Најдобар од најдобрите“ (Best of the Best). Со нагреди за дизајн потоа се окитија и 5-вратниот Kia Rio т.е Kia Picanto.

“Исклучително се гордееме на сите ‘red dot’ награди кои ги освоиа нашите модели како и со наградата за новиот Kia Carens. Посебно сме сретни заради наградата „Најдобар од најдобрите“ (Best of the Best) доделена на новиот Kia pro_cee’d бидејќи после Kia Optima, наш модел повторно ја освои оваа престижна награда на жиртито.” нагласи Peter Schreyer, председател и водител на дизајнерскиот тим на Kia Motors корпорација.

„Фактот дека нашите четри најважни модели освоија четри награди за дизајн е искнучително големо признание за работата на нашиот дизајнерски тим. Нашите автомобили сега во континуитет освојуваат награди вече пета година по ред, тоа е потврда за успешно спроведена стратегија за развој на Kia предводен дизајн”

‘red dot’ еден е од главните светски наградни натпревари за дизајнерски проекти кои го организира Дизајнерскиот центар North Rhine-Westphalia уште од 1955 година. Оваа година 1,865 производители од 54 држави пријави 4,662 производи. Жирито беше составено од 37 меѓународно признати стручни лица од областа на дизајнот. Стручните лица ги тестираа, испробуваа и тестираа производите а наградите ги доделуваа по критериуми како што се степен на иновација, функционалност, ергономија, трајност, екологија и едноставност на употреба. Само производите со највисок стандард за дизајн беа во можност да ја освојат престижната red dot награда. Овогодинешните награди ќе им бидат врачени на победниците на 1 јули 2013 на свеченоста во Alvar Aalto операта во Essen во Германија.

Kia cee’d фамилијата и Kia Carens: атрактивни компактни модели во својте сегменти
Kia cee’d по прв пат е представен 2007 година во Европа, а до денес стана многу респекибилен и познат модел во C сегментот. Освоител на red dot „Најдобар од најдобрите“ (Best of the Best) награда за 2013 година, 3 вгратниот Kia pro_cee’d носи нови спортски мускулест и динамички изглед со што се разликува од 5 - вратниот модел cee`d.  Со исклучителни перформанси и богата сериска опрема пристигнува на пазарот со два дизел (1.4 литарски и 1.6 литарски) и два бензински (1.4 литарски и 1.6 литарски) мотори, со најголема моќ од 135 KS, а најниски CO2 емисии помали од 100 g/km.

Kia Carens е новиот компактен моноволумен направен за уживање на целата фамилија. Новиот модел комбинира спортски изглед, пространа и функционална внатрешност и атрактивен изглед кој стана стандард за KIA автомобилите. Во двете верзии со 5 или 7 седишта, Carens во сериска опрема носи импресивна стапка во пространост и практичност, вклучувајќи и клима уред, вграден аудио уред, подесувачки повеќе функционален управувач, темпомат и LED дневни светла. Carens ќе биде движен од два бензински (1.6-литарски и 2.0-литарски) мотори и 1.7-литарски турбодизел мотор, со моќност од 135 до 166 KS, и најниски емисии на CO2 од 124 g/km.

Секој нов KIA модел во Македонија доаѓа со 5- годишна гаранција.