Корпоративни Новости

KIA Rio и KIA Picanto победија во престижниот натпревар за Европски дизајн | 25.04.2011

- KIA Rio и KIA Picanto победија во престижниот натпревар за Европски дизајн.
- Најновите успеси на компанијата Киа ја донесоа шестата red dot награда од 2009 година.
- Многубројните награди во секторот се понатамошна потврда за дизајнерската стратегија на Киа

(Сеул) 14 Март, 2012- KIA ги доби највисоките награди за своите модели KIA Picanto и KIA Rio во натпреварот red dot дизајн за 2012.

KIA Picanto моделот со 5 врати кој е се поприсутен во А-сегментот и KIA Rio од Б-сегментот победија на меѓународното натпреварување red dot во категоријата „дизајн на производ“, во конкуренција од над 4500 производи од 1800 производители од 58 земји од светот кои беа претставници на различни продуктни сектори.

Оценувањето беше извршено од страна на меѓународно жири составено од високо реномирани експерти за дизајн, кои детално ги анализираа и ги тестираа производите, каде победниците беа избрани врз база на нивото на иновативност, функционалност, ергономичност, трајност, еколошка прифатливост и корисничка употребливост. Само производите кои ги задоволуваат овие највисоки стандарди за квалитет може да ја очекуваат престижната награда red dot.

Овие две последни red dot награди за KIA го донесоа вкупниот број на red dot награди на 6, каде Soul crossover победи во 2009, Venga compact MPV во 2010, додека Sportage compact SUV и Optima sedan го заземаа врвот во 2011 година. Optima доби признание за „најдобро од најдоброто“ во 2011 – награда од највисоко ниво за врвен дизајн, која може да ја очекуваат само најдобрите производи во секоја категорија.

„Ние сме многу горди на red dot наградите за KIA Rio и KIA Picanto“, изјави одговорниот менаџер Питер Шреер.

***повеќе***

„Тие се големо достигнување на нашиот цел глобален дизајнерски тим, затоа што сите три дизајнерски центри на Киа беа инволвирани во развојот на двете возила – и резултатите се апсолутно хармонизирани модели со силно присуство на пазарот. Јас сум особено задоволен од оваа креативна и успешна соработка помеѓу нашите тимови од Кореа, Европа и Америка“.
Томас Ох, Извршниот подпрецедател и Извршен директор на KIA додаде: „Во период кога глобалните потрошувачи се ориентираат кон помалите возила, дизајнот станува се повеќе битен фактор во А и Б сегментот. KIA Rio и KIA Picanto се клучните продажни модели за нас и тие веќе имаат одлична побарувачка насекаде низ светот.
„Овие престижни red dot награди се уште едно докажување на посветеноста на Киа кон врвниот квалитет и ударен дизајн комбиниран со минималното влијание врз човековата околина и одличната вредност на парите во однос на производот. Нашиот импресивен раст на продажбата насекаде во светот, во време кога пошироката автомобилска индустрија очекува намалување на продажбата, е доказ на оваа стратегија и нејзината успешна имплементација“.
Оваа победа следи по бројните други награди за Rio и Picanto, вклучувајќи го именувањето на Rio за „Exterieur“ класа на Автомобилскиот натпревар на брендови во 2011 и наградата за дизајн 2012 на моделот Picanto со 3 врати, кој е четврт KIA модел кој ја добива оваа награда.
Наградите за дизајн red dot се едни од најголемите светски натпревари за дизјан кои се одржуваат во Центарот за Дизајн во Северна Рајна Вестфалија од 1955 година. Наградите за 2012 година ќе бидат доделени на добитниците на гала манифестацијата во Alvar операта во Есен, Германија на 2 Јули 2012 година.