Корпоративни Новости.

ЛеБрон Џејмс стана бренд амбасадор на луксузната програма на KIA|18.11.2014

new KIA sorento front На паркетот, тој е All Star играч и е најпопуларниот спортист во САД а додека надвор од арената тој е филантроп, бизнисмен и џетсетер.Овој месец Леброн Џејмс гордо ја вклучи Kia K900 - првиот луксузен седан на Kia, во неговата флота на егзотични автомобили. Со повеќе-годишното партнерство склучено со Kia Motors America (KMA), Џејмс ја превзема улогата на бренд амбасадор на луксузната програма на Kia која воедно е и официјален партнер на НБА.

"Бев возач на Kia K900 и обожавател, пред да одлучиме да склучиме партнерство, така да јас сум навистина возбуден да бидам првиот бренд амбасадор на луксузната програма на Kia ", изјави Леброн Џејмс. "Ова партнерство е за моќта на големиот стил и перформансите. Kia и K900 се создадени да ја предизвикуваат конвенционалната мудрост и да им покаже на луѓето како да се мисли поинаку.За мене, партнерството треба да бидат автентично и вистински да ја одсликува одрената личност, и тоа е она што го прави ова партнерство толку посебно за мене ".

Во август, Џејмс постира "Вртам кругови во мојот K900. Го сакам овој автомобил!" онлајн со фотографии од луксузниот седан, кој според AMCI тестирањата покажа подобри перформанси во гласноста на моторот, смиреноста и категоријата “ севкупно уживање” од Ауди А8 4.0Т, BMW 750i како и Lexus LS460.