Корпоративни Новости.

KIA Motors и понатаму расте|29.05.2013

-    Во март низ целиот свет продадени се 653.361 возила на Kia, што е за 2,7% повеќе од март минатата година.
-    Продажбата во Европа поголема е за 6,6%

Од корпорацијата на Kia Motors јавуваат дека во март низ целиот свет продадоа 653.361 возила, што е за 2,7% повеќе од март 2012 година.

Најгплем раст забележан е во Кина (+20%), каде се продадени 48.364 возила, а во Европа имаа пораст од 7% (57.651 продадени возила). Кина е пазар, каде Kia забележа најголем раст во првиот квартал оваа година (+24%, 144.559 возила), а тој успех го постигна и Европа (+6%, 135.571 возила) и таканарешените општи пазари – во Kia така ги викаат подрачјата која ја опфаќаат Централна и Јужна Америка, Карибите, Азија (без Кина и Јужна Кореа), Пацификот, Блискиот Исток и Африка (+2%, 123.898 возила).

Глобално најпродаваниот модел на Kia во март беше Rio со 44.371 продадени примероци. Спортскиот теренец Sportage беше втор (32.966 возила), додека за свое место на победничкиот пиедестал најде и моделот Forte, представник на ниската средна класа (32.799). Помеѓу “Петте величенствени” се уште и лимузината Optima (23.981) и големиот спортски теренец Sorento, кои најде 17.402 купувачи.

Одлични резултати се постигнати и на Македонскиот пазар.

Посребно се истакнува спортскиот теренец Sportage кој во својата класа го држи убедливо првото место.

***

Kia Motors Corporation една е од најуспешните глобални автомобилски корпорации со нагласена смисла за квалитетни автомобили за млади во срцето. Компанијата основана во 1944 година, годишно произведува повеќе од 2,5 милиони автомобили кои по пат на разгранета продажбено - сервисна мрежа продава во 172 држави. Корпорацијата ширум светот запослува повеќе од 47.000 луѓе и нивниот адут е европскиот начин на изработка на автомобилот. Клучна улога во развојот на возилата наменети за Европскиот пазар е проверениот Дизајнерски центар во Франкфурт. Дизајнот на возилата на Kia се одвива под водство на светски познатиот германски дизајнер Peter Schreyer. Неговата работа ја потврдуваат многубројни европски и меѓународни дизајнерски награди, како што се „red dot award“, „iF product design award“ и „Automotive Brand Contest“ за најдобар дизајнво автомобилизмот. Изразено Европската ориентираност на Kia се дополнува со новата фабрика во Словачка во градот Жилина и Европскиот технички центар за развој и производство на мотори кои ја поставија Kia на трон на производители на автомобили со рекордно ниска потрошувачка на гориво. Kia е и службен автомобилски партнер на Светското првенство во фудбал и главен спонзор на тенискиот „Grand Slam Australian Open“. Слоганот на компанијата е „The Power to Surprise“ представува глобална посветеност на производството на автомобили со модерна технологија, напредни решенија и постојани иновации, кои ги надминуваат очекувањата на купувачите со 5 - годишна гаранција представува најдобар избор за вашите пари.