Корпоративни Новости.

Kia Motors објави одлична бројка од 243,947 продадени возила за септември  |13.10.2015

  • Kia во септември забележа пораст во продажбата во Северна Америка (20.1%), Кореја (16.6%) и Европа* (7.2%)

(СЕУЛ) Октомври 12, 2015 – Корпорацијата Kia Motors ги објави бројките за продажбите остварени во септември 2015 (извозни продажби, домашни продажби и продажби од прекуокеанските фабрики) за патнички возила, рекреативни возила (RV) и комерцијални возила. Вкупната бројка достигнува неверојатни 243,947 продадени возила.

Во септември Kia забележа годишен пораст во продажбите во Северна Америка (пораст од 20.1% со продадени 55,762 возила), Кореја (пораст од 16.6% со 45,010 продадени возила) и Европа* (пораст од 7.2% со 58,560 продадени возила).

Во првите девет месеци од 2015, вкупните продажби на Kia изнесуваат 2,125,845 возила што е пад за -1.4%. Во Кореја (377,534 продадени возила) и Северна Америка (529,674 продадени возила), пак, овој септември 2015 е забележан пораст во продажбата од 12.5% и 7%.

Најпродаваниот модел на Kia на прекуокеанските пазари за септември 2015 е Rio од В сегмент, познат како К2 во Кина, со 43 079 продадени возила. На второ место се најде компактниот ЅUV Sportage со 36,262 продадени возила, а следни на листата се Cerato од С сегмент (познат како 'Forte' или ‘K3’ на некои пазари), Optima од D-сегмент и урбаниот Soul со 22,336, 21,902 и 19,306 продадени возила соодветно.