Корпоративни Новости.

Kia Motors со најдобар пласман според извештајот на J.D. Power - Initial Quality Study  |01.07.2015

  • Континуирано подобрување како бренд, ја искачи Kia на второто место од вкупно 33 брендови на автомобили.
  • Kia Sorento и Kia Soul со највисоки оценки во нивните категории.
  • Останатите 5 модели на Kia меѓу Топ 3 во нивните соодветни категории.
  • Подобрување од речиси 20 проценти.

Реномираната компанија J.D. Power, јужнокорејанскиот гигант го крунисан за втор најдобар бренд во 2015 година. Резултатот на Kia во студијата на IQS е подобрен за 20 поени во однос на минатата година, кој до тогаш беше најдобар резултат на Kia. Значи Kia се искачи четири места повисоко и стигна до 2-то место.

За подобрувањето на Kiа најзаслужни се Soul и Sorento, додека другите модели Rio, Optima, Cadenza, Sorento и Sedona се ставени во Топ 3 во нивните соодветни категории.
"Ние веруваме дека извештајот JD Power не остава сомнеж за тоа дека Kia произведува врвни автомобили, и овие резултати не прават навистина среќни, бидејќи IQS студијата навистина претставува гласот на нашите клиенти", вели Michael Sprague, извршениот директор на Kia Motors во Америка и продолжи: "Растот на Kia е една од најуспешните приказни во автомобилската индустрија, а зад неа стои макотрпна работа на неколку илјади членови на тимот во целиот свет и долгорочна стратегија која се фокусира на квалитетот, која го зајакнува и го подобрува угледот на сопствениците Kia автомобил. "

Продажба на Kia во САД е повеќе од двојно зголемена во последните 6 години, како награда за изградбата на американска фабрика. Тоа е затоа што овој бренд, полека но сигурно се качува на ранг листата на JD Power - IQS годишениот извештај. По Soul кој во 2012 заврши во 1-то место во својот сегмент, во 2013 година Kia е меѓу првите 10. Исто така, треба да се напомене дека фабриката на Kia во Грузија, чија изградба чинеше 1,1 милијарди долари, каде се произведуват Sorento и Оптима, во студијата за оваа година го постигна својот најдобар резултат досега. Фабриката Kwangju, каде се производува Soul доби златна награда за најдобра фабрика во Азискиот регион.

Американското истражување за почетниот квалитет се базира на одговори од преку 84.000 корисници на нови модели од 2015 година, анкетирани по 90 дена од купувањето на возилото. Истражувањето што се спроведува 29 години се базира на 233 прашања поделени во 8 категории на проблеми преку кои производителите ќе добијат повратни информации, што ќе го олесни процесот на идентификација на проблемите и ќе овозможи подобрување на моделот. Истражувањето се спроведе меѓу февруари и мај 2015 година.