Корпоративни Новости.

Peter Schreyer 10-годишнина во КИА  |23.09.2016

Септември 21, 2016 -Питер Шреер одбележува 10 години како водечки дизајнер на автомобили за КИА, период во кои продажбата на Корејскиот бренд порасна од 1,1 милион автомобили во 2005, на 3.05 милиони во 2015.

Питер Шреер е „виновникот“ за револуцијата на дизајнот на КИА во изминатата декада, промена која фундаментално го промени начинот на кои моделите на компанијата се примаат низ целиот свет. Приклучувајќи и се на КИА во 2006 како Главен дизајнер, Питеер Шреер е сега претседател и главен дизајнер на КИА Моторс корпорацијата.


Етаблирајќи го новиот имиџ на КИА

КИА бележи подобрување во низ до 2006, годината кога дојде Питер Шреер како Главен дизајнер. Брендот го претстави европскиот модел cee’d и неговата уникатна 7 годишна гаранција, 150.000 км за европа во истата година , и го постигна глобалното производство како што новиот модел влезе во производство.

Клиентите низ целиот свет ги отвориа погледите за вредноста и квалитетот на возилата на КИА и свежиот дизајн на Питер Шреер кој овозможи трансформација на имиџот на брендот, кој се совпадна со глобалниот изглед на КИА.

Питер Шреер објаснува: „ Кога започнав во КИА, беше битнода воспоставиме идентитет и консистентно чуство за целиот бренд. Но приказната како нашите возила заживеаа е многу повеќе од естетика, тоа инволвира комплексен избор на идеи кои работат заедно за креација на нешто што предизвикува емоционален одговор“

Во следните години , оваа визија резултираше со етаблирање на константен дизајн како ДНК низ сите модели на КИА со препознатливи елементи во повеќе дизајни. Насоката на Питер Шреер и помогна на КИА да воспостави чист идентитет , и да ја зголеми препознатливиста на брендот, да ја стави во продукција на модерни и прогресивни авто дизајни.


„Корејски Кул“: инспирација позади дизајните

Откако КИА ги трансформира своите модели, корејската култура дојде до изразниз целиот свет како – K-Pop, ‘Gangnam Style’, модерната архитектура на Корејскиот пазар и разбирање за Корејската уметност се дел од инспирацијата на Шреер и неговите дизајнерски тимови

Питер Штеер искоментира: “З дизанерите не е важно само како изгледаат автомобилите туку ида имаат интерес за архитектурата, музика, уметност, индустриски дизајн ... секакви работи. Тоа влиае врз нас и обратно. Луѓето сега знаат малку повеќе за Кореа и што тоа таму се случува.”


Перцепција која се менува за КИа брендот

Во 2010 КИА Оптима , еден од првите модели на КИА кои се дизајнирани целосно под диригентската палка на Питер Шреер, од денешен аспект се гледа како катализатор во трансформацијата на дизајнотНа продуктите на КИА. Како и новатата технологија и поголемата рафинираност од своите претходници. Дизајнот на Оптима додаде длабочина во гамата на КИА и фундаментално ја смени сликата за КИА брендот низ целиот свет. Најновата генерација на Оптима, го задржа уникатниот карактер.


Иднината на дизајнот на КИА

Дизајнот игра клучна улога во трансформацијата на перцепцијата за КИА брендот и нејзините производи изминативе неколку години. Компанијата ќе продолжи со дизајнерскиот пристап уште многу години. Нови претставувања во нови сегменти во следните години ипреродба на генерација на нови модели, значи дека КИА дизајнот ќе биде во срцето на успехот на компанијата и во иднина.