Kia поставува нови рекорди во производството!

|07.10.2019

07 Октомври 2019 По изминатите први 6 месеци од годинава веќе се достигнува до новите рекорди во производството, имено во Словачка каде што е и најсовремената фабрика за автомобили во целиот свет, Kia произведе 180.200 патнички автомобили и 222 илјади агрегати кои се и дел за сестринската компанија Hyundai.

new KIA stingerБројките дополнително се променуваат и со новиот модел кој од неодамна започна и со производство, поточно станува збор за новиот модел XCeed, но исто така и новите хибридни модели кои дополнително ќе влијаат врз производството, но и на продажбата на нови модели. Во овие први 6 месеци Kia продаде 268.305 што е за +1,6% повеќе возила во однос на истиот период минатата година, на ова се должи одличната продажба во Кина, САД, и особено во Европа каде што се зголемуваат бројките! Kia може да се пофали сега и со прилично широка понуда и на хибридни и електрични возила, како што е и моделот Niro кој се нуди и во Hybrid, plug-in hybrid и целосно електрично возило, со кој се зголемува продажбата за дополнителни 40% односно 31,133 примерока, но тука се и останатите модели како Optima во plug-in hybrid изведба, e-Soul, претходниот модел Soul Ev и хибридот Sportage EcoDynamics+ кои се продадоа за вкупна бројка од 38,173 примерока!