Kia развива нов систем на радарски темпомат со вештачка интелегенција

|28.10.2019

28 Ноември 2019 Најстариот јужнокорејски производител, Киа објави дека работат на нов систем на радарски темпомат кој автоматски ќе учи преку радарите и сензорите со помош на вештачка интелегенција. Со овој нов систем, внимателно ќе се следат сите активности на возачот, неговиот начин на возење, со што системот целосно ќе се прилагоди спрема возачот и наместо да се прилагодува брзината и растојанието од возилото пред вас, сега со овој систем кој ги има научено сите навики на возачот, автоматски ќе го одредува растојанието, брзината па дури и престигнувањето.

new KIA TechСо помош на овој нов систем дополнително ќе се зголеми удобноста, но и безбедноста во патувањето. За разлика од моменталните системи кои денес се користат, тие не ги учат навиките на возачот туку самиот возачо ја прилагодува брзината и растојанието од останатите возила.

„Овој систем нема да се прилагодува само за еден возач во автомобил, туку ќе се прилагодува според било кој возач што ќе го вози автомобилот, но на системот ќе му биде потребно време од 1 час да го учи и следи возачот, за потоа да може да се прилагоди целосно според неговите навики.

Киа овој систем ќе го имплементира во нивните идни нови возила, но исто така ќе се користи овој систем и во сестринската компанија Hyundai како и кај нивниот луксузен бренд Genesis.