Kia XCeed ја освои наградата Златен Волан – уште еден доказ колку е добра

|24.12.2019

24 Декември 2019 Најновиот член во семејството на Kia и новиот модел кој влегува во Ceed гамата, поточно XCeed ја доби наградата Златен Волан во категоријата најдобар автомобил до 35,000 евра – категорија со исклучително тешка конкуренција.

new KIA xCeedИмено Златен Волан е престижна награда од Германија, асоцијација во која членуваат исклучително само автомобилски експерти, со што оваа награда само дополнително и дава ветар во грбот на Kia и XCeed. Оваа награда KIA сосема заслужена ја доби, инаку вкупно се натпреваруваа 58 модели кои беа оценувани според цената, гаранција, стандардна опрема, вожња и дополнителни трошоци.Според објаснувањата на жирито, XCeed не ја добива оваа награда поради најголемата гаранција, туку и поради квалитетот, пространоста, практичноста како и добрата цена.. Киа беше споредувана со голем број на модели и конкуренти, а со оваа награда се чини како да доаѓа крајот на германската доминација.

new KIA xCeedОваа награда ја покажува само способноста на нашиот бренд и на што се ќе целиме и во иднина. XCeed доаѓа со голема опременост, докажана издржливост, комфор. – изјавува Стефан Кост од Киа.

Инаку Kia XCeed веќе можете да ја погледнете во салоните на Kia, а е понудена во неколку бензински и дизел верзии, поточно 1,0 T-GDI три цилиндричен, 1,4 T-GDI турбо и најмоќниот бензински мотор 1,6 T-GDI, додека дизелската изведба доаѓа со 1,6 CRDi Smartstream мотор со 115 или 136 коњски сили.