Kia ќе обезбеди модели за потребите на Australian Open

|11.11.2019

11 Ноември 2019 Futuron е новиот концепт модел на KIA кој ќе ги прикажува новите планови и замисли на компанијата за идните електрични SUV модели. Иако официјалното прикажување е закажано за кинескиот авто саем во Шангај, сепак уште сега ги имаме фотографиите од овој концепт според кој би се развивале идните електрични модели.

new KIA futuronОна што е очигледно од самиот дизајн е воведувањето на нов дизајнерски јазик кој содржи чист, мазен дизајн без големи дополнителни додатоци. Поточно моменталниот препознатлив детал/белег на предната маска кој го знаеме како “tiger nose” кој веќе постои повеќе од 10 години кај сите модели на KIA, со Futuron е заменет со нов дизајн кој сега се нарекува “Star Cloud” кој содржи осветлени детали на предната маска, а се споени и со предните светла кој во зависност од денот се менува и јачината на светлината и формата на самото светло.

new KIA futuron„Овој футуристичен дизајн продолжува и внатре, каде што може да се примети стаклената кабина во форма на дијамант, кабина во која влегува големо количество на природна светлина, секако во оние моменти кога е потребно, но во останатите периоди може да се затемни. Предните седишта целосно можат да се навалат со што се овозможува патниците и возачот да одморат при долгите патувања како би се избегнал заморот, а при тоа автомобилот да се стави во автономниот режим на возење со што самиот со помош на новите сензори и технологии би управувал без помош од возачот. Во останатиот дел од кабината исто така се приметува новиот дизајнерски беелг од надворешниот дизајн со осветлувањето како и со скалапестите панели кои се поставени и на предната маска и на страничните делови во ентериерот но и на контролната табла.

Повеќе детали околу перформансите, технологиите и самиот дизајн ќе бидат објавено по официјалното претставување на саемот во Шангај.