KIA Дизајн Центар

Добриот дизајн почнува со ангажман на најдобрите таленти, опремувајќи ги со најсовремениот алат и одржувајќи работна средина која поттикнува креативно размислување.

Дизајнот на KIA

Како центар на нашите глобални стајлинг операции, Namyang Дизајн Центар одблизу ги набљудува интернационалните дизајн трендови како би можеле да осигураме дека во секој нов модел ние ги обфатиме основните вредности на нашиот бренд.

Од идеа, стајлинг и прототип до истражување на нови материјали, ние континуирано го подобруваме дизајн процесот во потрага по перфектен дизајн. Нашиот Дизајн Центар е за прв пат отворен во 1977 со цел за изучување на животниот стил на клиентите од прекуокенските маркети како би можеле подобро да ги разбереме најновите трендови во дизајнот. Трудот на Namyang Дизајн Центарот е поткрепен со сателитските дизајн центри во САД, Европа и Јапонија, со што сме осигурани дека ќе продолжиме да креираме уникатни дизајн концепти и понатаму да ја градиме нашата репутација како еден од водечките брендови во автомобилската индустрија.

Во сите наши дизајн центри, креираме ново искуство за нашите клиенти преку истражување во најразлични полиња влучувајќи ги индустриски/визуелен дизајн, естетика, филозофија, слободна уметност, историја и вештачка интелигенција.

 

КИА Дизајн Центар