KIA Motors Corporation

KIA headquarters

Kia Motors Corporation е основана во 1944 и е најстариот производител на моторни возила во Кореа. Повеќе од шест декади, Kia Motors се посвети на производството на квалитетни возила преку постојана потрага по иновации. Денеска производната линија на Kia продуктите направи автомобили со одлични возни катактеристики, значително го зголеми квалитетот и истрајноста како и дизајни-што не не оставаат рамнодушни. Се повеќе потрошувачи ги забележуваат чекорите што Kia ги превзема изминативе години, па компанијата е глобално препознатлива како една од неколкуте звезди што сјаат во Глобалната авто индустрија.

  • 1944       Компанијата е основана како „Kuyungsung Precision industries“.
  • 1951       Компанијата официјално се преименува во „Kia industries“
  • Почнува производството на првиот Кореиски велосипед.
  • 1957       Почнува производството на првиот Кореиски скутер  „C – 180“.
  • 1961       Почнува производството на првиот Кореиски мотор  „C - 180“.
  • 1962       Почнува производството на првиот Кореиски камион „K - 360“.
  • 1971       Почнува производството на „Тitan“, теретен камион со 4 тркала.
  • 1972       Основан е „Kia Service Co. Ltd“.
  • 1973       „Sohari plant“ -  се отвора првиот потполно интегриран производствен капацитет
  • Кореа почнува да го произведува првиот интернационален мотор на внатрешно согорување.
  • Почнува производството  на  „Brisa B – 1000 pickup “ камионет.
  • 1981       Почнува производството  на „Bongo“ камион.
  • 1984       Основан е Kia Центарот за Истражување и развој.
  • 1990       Корпоративното име е променето во „Kia Motors Inc.“.
  • 1991       Моделите „Sephia“ и „Sportage“ се представени на саемот „Tokio Motor Show“.
  • 1992       Основана е „Kia Motors America“.
  • Представен е моделот „Sephia“ на Глобалниот пазар.
  • 1993       Представен е моделот „Sephia“ на Европскиот пазар.
  • 1995       Основана е „Kia Motors Euroope GmbH“.
  • 1997       Компактниот теренец  „Sportage“ прогласен е за: “Best Overal value”( Производ  со
  • Најдобра вредност) и  “Best 4WD Buy” (најдобар теренец за Цената).
  • 1999       Основана е „Hyundai Kia Automotive Group“.
  • Вториот моноволумен на Kia „Carnival“ почнува со производство.
  • 2001       „Kia Sportage“компактниот теренец го завршува „Paris - Dakar“-релито.
  • Почнува производството  на „Optima“, „Magentis“ седан од средната класа.
  • „Kia Sportage“компактниот теренец победува на „Baja 2000 Rally“.
  • Представен е моделот „Cerato“.
  • 2002       Представен е моделот „Sorento“ SUV теренец од средна класа.
  • Представен е надградениот седан „Rio“.
  • Отворени 5 подружници во Европски земји.
  • 2003       Представен е моделот „Optimus“(Amanati).
  • 2004      Представен е моделот „Picanto“ од А сегментот.
  • Представен е новиот модел на „Sportage“.
  • Представен е моделот „K 2700“ камионет.
  • Почеток на изградба на Фабриката во Словачка и церемонија на потпишување на Договор за втора Фабрикаво Кина.
  • 2005       Представен е новиот модел на „Rio“.
  • Kia е избрана за официјален партнер на FIFA од 2007 – 2014.
  • Представена е технологијата на горивни ќелии (FCV) и отворена е станица за Хидрогенска Енергија во Калифорнија.
  • Отворени 5 дополнителни Европски подружници.
  • Представен е новиот модел на „Optima“(Magentis) на саемот за автомобили во Франкфурт.
  • „Hyundai Kia Automotive Group“ го отвара Институтот за истражување на Еко технологии.
  • „Optimus“(Amant) и „Sportage“ компактниот SUV добиваат APEAL награди во  J.D. Power и  Associates study (USA).
  • „Sorento“ експедицијата околу светот е успешно завршена.
  • „Hyundai Kia America Tehnical Center Inc.“ го прославува отварањето на седиштето R&D.
  • 2006       Револуционерна прослава е одржана за првата Фабрика за производство во
  • Вест Поинт – Америка.
  • Представен е новиот модел на „Carnival“ (Sedona) на Женевскиот авто саем.
  • Големо отварање на седиштето „Kia Motors America“.
  • Завршена е изградбата на Фабриката во Словачка.
  • Моделот на „Carnival“ (Sedona) MPV добива највисок рејтинг во NATHSA и HIS тестовите.
  • Представена е Фамилијата на „Cee’d“ автомобилите.
  • „Rio“ е рангиран највисоко во карегоријата на субкомпактни автомобили од   J.D. Power и  Associates study (USA).
  • Kia потпишува договор за спонзорство со UEFA.
  • Kia е прогласена за Глобален авто производител за 2007 од Институтот за транспорт.
  • „Optima“(Magentis) и „Carnival“ (Sedona) добија врвни почести за Стратегиска Визија во 2006.
  • 2007       „Carnival“ (Sedona) е именуван за  најдобар миниван од „MotorWeek USA“.
  • Kia го осигура договорот за спонзорство на Азиските „X Games“.
  • Kia станува спонзор на UEFA EURO 2008.
  • Kia го преминува не премиум просекот во 2007. J.D. Power и  Associates study (USA).
  • „Cee’d“ станува прв Корејски бренд кој добива NACAP  5 звезди за сигурност.
  • Представен е „Kee“ концепт автомобилот и  новото лице на Kia.
  • Представени се  европски модели „Pro Cee’d“  (3 врати) и новиот „Cee’d SW “ (Sporty Wagon).
  • Завршена е изградбата на втората Фабрика во Кина.
  • „Carnival“ (Sedona) е награден од „Top Safety Pick“ .
  • Kia „Cerato“ со 5 врати рангиран како број 1 од „U.S News and World Report “.
  • 2008      Представен е  „Soul“ концепт автомобилот(Deva Burner & Searcher series).
  • Представен е „Mohave“ (Borrengo) , предводник на Kia SUV.
  • Представен е надградиот „Optima“ (Magentis) седан.
  • Kia стана дел од петиот најголем производител на автомобили.
  • Бензинскиот мотор на „Borrengo“ Tau4 GL V8 е избран  меѓу најдобрите 10 мотори во
  • Америка за 2009 од  „Ward’s Auto“.
  • „Optima“(Magentis) добива 5 звезди за сигурност при судир во NATHSA и HIS тестовите.
  • Kia „Carnival“  прогласен е за: “Best Overal value”( Производ  со Најдобра вредност) две години по ред.
  • 2009       Представен е новиот модел на „Cerato“ (Forte).
  • Представен е новиот кросовер автомобил  „Soul“.
  • Претседателот на Hyundai Kia групацијата Mong- Koo Chung e рангиран шести на „Powerist“ издаден од  „Motor Trend“ во Февруарскиот број.
  • „Rio“ именуван за Најзелен автомобил за 2009 од „America Counsil for an Energy Efficient Economy ACEEE“.
  • Представен е новиот систем „ISG Idle Stop & Go“ на Kia, направен за Cee’d за европскиот Пазар.
  • Представен е Kia број 3 концепт автомобилот.
  • Представен е EcoDynamics еколошкaта подгрупа (sub-brand).
  • 2010      Представен е новиот модел на „Cadenza“ седан.
  • UVO Powerd by Microsoft “ систем за автомобил е представен на CES 2010.
  • Големо отварање на фабриката „Kia Georgia USA“.
  • Представен е Kia Ray концепт.
  • Представен е новиот „Sportage“ CUV.
  • Представена е новата „Optima“ седан од средната класа.
  • Kia „Venga“ги освојува наградите на „Red Dot“ и „product design awards“.

KIA Motors е водена од амбициозен менаџерски тим кој е индустриски фокусиран, и игра витална улога во дневните активности во развивањето на брендот ширум светот.

Kia Motors Corporation една е од најуспешнитеглобални автомобилски корпоарции со нагласена смисла за квалитетни автомобили за младите во срце.

Компанијата е основана 1944 година, годишно произведува повеќе од 2.5 милиони возила кои по пат на разгранета продажно сервисна мрежа продава возила во повеќе од 172 држави. Корпорацијата посебно се гордее со европскиот стил на работење. Заради тоа седиштето на корпорацијата Kia Motors за Европа е во Франкфурт Германија каде е исто така и домот на модерниот KIA дизајнерски центар.